Светот гладува, а храна има повеќе од доволно Share TweetНа светско ниво моментално околу 800 милиони луѓе се борат со недостиг на храна, а околу 45 милиони се на работ на изгладнување. Ова се ужасни податоци во општество каде најбогатите заработиле околу 4000 милијарди долари само во првата година од глобалната пандемија.[Source]Изминативе неколку месеци, статистиките покажуваат дека околу 23 милиони луѓе во Авганистан се соочиле со акутен недостаток на храна, а околу 9 милиони се алармантни случаи. Ова се податоци според IPC (Integrated Food Security Phase Classification). Само на малиот остров Мадагаскар, околу 300.000 жители се соочени со глад од најстрашни размери. Околу 16 милиони жители во Јемен се соочуваат со нестабилно снабдување со прехрамбени продукти. Листата е голема.Со векови човештвото се соочувало со гладот, поради недостатокот од храна. Неплодните жетви изгладнувале милиони луѓе, едноставно поради тоа што немало доволно храна. Луѓето биле жртви на природата – суши, поплави, мразни периоди и секакви други природни катастрофи. Со локална економија, врамена во ограничена трговија, невозможно било да се надокнадат таквите загуби со производството од некој друг подалечен регион. Но денес тоа не е случај.Моментално се произведува повеќе од доволно за да се нахрани целата планета. Самото производство на житни култури би било доволно дупло да ги нахран сите луѓе, со висина на принос од 2,8 милијарди тони (еквивалентно на 1 килограм на човек на ден). Воспоставена е мрежа на трговија која во историски е невидена. Преку океаните 11 милијарди тони карго, се транспортираат секоја година.Зошто тогаш 10 проценти од светското население се соочува со недостиг на храна? И зошто петтина од децата во светот се соочуваат со проблеми во развојот, поради недоволно внесување на хранливи материи?Неодамна, извршниот директор на Светската програма за храна Дејвид Бизли, на Твитер влезе во полемика со мулти-милијардерот Илон Маск. Бизли ги повика милијардерите да донираат 6 милијарди долари за да се спасат животите на 42 милиони луѓе ширум светот. Маск искажа сомнеж околу потрошувачката на тие средства и го повика Бизли да прикаже „отворен извор насметка“ (што и да значи тоа), што ќе прикаже како се трошат парите.Кога би го повикале Маск да го направи истото со неговите компании, кои се одржуваат во живот благодарејќи на масивните финансирања со јавни пари, најверојатно би се навредил.Доколку милијардерите од светот, би се откажале од само 0,15 проценти од ланската добивка од 4 000 милијарди долари би се спречила смртта од гладта. Следствено, доколку би се откажале од 3 проценти, би се осигурала храна доволна за 800 милиони луѓе.Но, како што заклучи Бизли, премногу е тешко да се убедат капиталистите да одделат дел од своите пари. Маск исто така е голем опозиционер на идејата дека тој или луѓето како него треба да плаќаат повисоки даноци.Ни најбогатите светски нации не се многу подобри. Додека потребата за помош е драматично покачена, тие ги намалуваат своите снабдувања. Помошта за сириските бегалци и бегалците од Источна Африка e намалена, а помошта во храна преполовена.Вистината е дека капиталистичкиот систем нема интерес за обезбедување помош на милионите гладни луѓе. Проблемот не е дека храна нема туку дека сиромашните не можат да ја купат. Доколку современите земјоделски техники, вклучително и механизацијата, се стават во вистинска употреба врз основа на рационално планирање, снабдувачката на храна би се зголемила уште повеќе. Но, од тоа нема профит.Невладините и добротворните организации, заедно со Светската програма за храна на Обединетите нации, само ја ублажуваат моменталната ситуација, но се комплетно неспособни и далеку од тоа да го решат проблемот со гладот. Во суштина, тие опстојуваат преку молење на богатите за некакви ситни донации, а за возврат добиваат многу малку за решавање на проблемот. Капиталистичкиот систем е виновник за оваа мизерија што е наметната врз сиромашните во светот, а премногу малку нуди за нејзино олеснување.Веќе ги имаме сите неопходни извори за задоволување на основните потреби на светското население. Со ставање крај на фрлањето на храна и инвестирање во понапредна технологија, не само што би се задоволиле основните потреби, туку би се осигурале и пристојни животни стандарди за сите и тоа преку одржлив начин.Но сево ова е возможно само во економски систем со рационален план за задоволување на човечката потреба, преку организирање на светските извори за добробит на работниците, селаните и светската сиромаштија, а не за профитите на мала група милијардери.Превод од англиски на The world is starving: but there is plenty of food to go aroundАвтор Никлас Аблин Свенсон, 11 ноември 2021 година