Украинскиот конфликт: Дали е ова почетокот на Трета светска војна? Share TweetВо прилог се новости за ситуацијата во Украина напишани од Алан Вудс (уредник на marxist.com). Од почетокот на руската инвазија грст пропаганда се напумпа во Западните медиуми со кои се предизвика длабока хистерија, а сега весниците говорат и за опасност од Трета светска војна. [Source]Во меѓувреме, империјалистичките водачи продолжуваат со отвратното лицемерие во нивната осуда на Путиновото „прекршување на националниот суверинитет на Украина“, како никогаш да не војувале за сопствените интереси во минатото. Марксистите мора да ја пресечат циничната порака за „патриотизам“ и „национално единство“ со продолжување на борбата против сопствените владејачки класи во секоја земја.Безброј пати е кажано дека првата жртва на војната е вистината. Помеѓу оваа отровна магла од пропаганда, лаги и полувистини, многу е тешко да се даде точна проценка за воената состојба на терен.Инвазијата на Украина беше дочекана со заглушувачка хорска осуда од империјалистите. Има лавина од пропаганда, дизајнирана да ја фрли целата вина на Русија и да покаже дека Путиновата воена офанзива не успеала поради херојскиот отпор на украинската армија.Повторувачките тврдења дека руската офанзива е сопрена и дека украинската армија го зби и натера непријателот во дефанзива мора да бидат земени со голема резерва. Што и да сакаа да прикажат, сигурно не е прикажување на точната и вистинската слика за ситуацијата.Но целта на заглушувачкиот хор не е да ги охрабри луѓето да размислуваат рационално. Туку сосема спротивното, да ги направи глуви за секој рационален аргумент и да го загуши размислувањето како процес. Оваа, без преседан, пропагандна буица е дизајнирана да создаде атмосфера на хистерија, и во ова, постигнаа прилично голем успех – барем во почетната фаза.Главната цел е да се убеди населението на Запад од потребата да не се биде критичен; да се „обединиме против заканата од руска агресија“ во име на националното единство.Но, обединување со кого? Зошто обединување со нивните постоечки лидери и влади, и со Американците и НАТО – со други зборови, со нивната владејачка класа и најагресивните и реакционерни империјалистички сили?Семјуел Џонсон има кажано: „Патриотизмот е последното упориште на никаквецот.“ Тоа беше кажано во 18-от век и денес не е ништо помалку од точно. Гребни било кого од овие „патриотски“ дами и господа и секогаш ќе го откриеш најциничниот, лажлив, расипан измамник што може да биде замислен.Најодвратната улога во сето ова се одигрува од десничарските реформистички лидери на социјал-демократијата и синдикатите во Европа, кои воопшто не губеа време еуфорично да им се придружат на капиталистите и империјалистите во нивната хистерична антируска кампања. Се открија себеси како најсервилните лакеи на непријателите на работничката класа во секоја земја.Што се однесува до левите реформисти, нивната улога не е нешто многу поразлична. Горе-долу, си дозволија да бидат довлечкани позади хорот кој извикува „спасете ги кутрите мали Украинци“, без воопшто да се трудат да го анализираат класниот интерес што стои позади сегашниот конфликт.Трета светска војна?Доминантното расположение помеѓу населението на Запад е конфузна мешавина од човечка симпатија за страдањата на Украинците и бегалците, и страв од проширување на конфликтот кој би довел до Трета светска војна, со незамисливи последици по светот.Овие стравови беа дополнително засилени со последните изјави на рускиот претседател Владимир Путин, ставајќи ги нуклеарните сили во состојба на готовност. Како и да е, таквите стравови немаат никаква основа во реалноста. Да кажеме јасно и гласно: нема да има војна помеѓу Соединетите Држави и Русија – ни сега, ниту во некоја блиска иднина.Да повториме некои работи кои треба да бидат азбука за секој марксист. Капиталистите не водат војна за патриотизам, демократија, или кои било други, убави за уво, принципи. Водат војна за профит; да освојат странски пазари, извори на суровини (како нафта); и да ги прошират сферите на влијание.Дали оваа елементарна работа уште не е јасна? И дали уште не е сосема јасно дека нуклеарна војна ги поништува сите овие работи и доведува само до взаемно уништување на двете страни. Тие имаат дури измислено и фраза за да се опише ова: МАД (на англиски акронмот значи луд, Mutually Assured Destruction Взаемно Загарантирано Уништување).Дека таква војна не би била во интерес на банкарите и капиталистите, му е јасно и на не толку интелигентно дете од шест години; иако, како што се чини не им е јасно на некои луѓе кои, за причини само ним познати, се нарекуваат марксисти.Друг одлучувачки фактор е масовното спротивставување на војна, посебно (но не исклучиво) во Соединетите Американски Држави. Неодамнешна анкета покажува дека само 25 проценти од популацијата на САД ќе поддржи директна воена интервенција во Украина, што значи дека огромно мнозинство ќе биде против војна.Ова не е воопшто изненадувачко, имајќи ги во предвид понижувачките порази во Ирак и Авганистан, факт што се има врежано во колективното сеќавање на народот во Соединетите Држави. Тоа се виде и кога Обама проба – и не успеа – да добие дозвола, воено да интервенира во Сирија.На народот во САД им е смачено од интервенции во странство и војни, и ова е силен фактор што го ограничува просторот за маневри, било на Бајден, или тој на Пентагон. Ова е причината, а не некој страв од Трета светска војна, поради која се спречени да пратат трупи во директна конфронтација со руската армија во Украина.Фактот што Путин имаше демагошки изјави дека ќе ги стави неговите нуклеарни сили во готовност, нема никакво воено значење. Ова потполно го знаат стратезите на капиталот и Пентагон, кои го гледаат ова како што навистина е – несмасен обид за психолошка војна.Патем, и САД се виновни за потполно ист обид во 1973 година, за време на Јомкипурската војна помеѓу Израел и Египет, кога исто така објавија дека нивната нуклеарна готовност ќе биде подигната на ниво три (ниво еден би значело нуклеарна војна).Такви маневри може да ги подигнат нервите во Берлин и Брисел, но нема да имаат никаков ефект врз постоечкиот конфликт во Украина, ниту пак за калкулациите на сериозните стратези на капиталот.Дали санкциите ќе функционираат?Откако веќе ја отпишаа можноста да пратат војски во Украина – единствениот сериозен чекор кој може да влијае на резултатот од конфликтот – империјалистите мора да се задоволaт себеси со евтини поентирачки пропагандни поени преку хистерична кампања од навреди упатени кон Москва, покрај новите санкции против руските банки и бизниси, и праќање на одредена количина на воена помош до Киев.Ништо од ова нема да има ниту најмал ефект на резултатот од војната.Толку многу фалените санкции нема да успеат: прво, затоа што санкциите никогаш не успевале во минатото, и затоа што Путин веќе воведе серија на мерки специјално дизајнирани да ја намалат руската зависност од трговија и финансиски трансакции со Западот.Во било кој случај, за ефектите од економските санкции ќе треба време да проработат – месеци, ако не и години – а дотогаш украинскиот конфликт ќе биде завршен.Но, има друга причина, која треба да му е јасна дури и на полуписмен човек. Моментално, се фалат и кочоперат со исклучувањето на руските банки од Свифт системот, финансиската институција што се занимава со трансакции во меѓународната трговија. Но, првично, само некои банки ќе бидат исклучени. Сосема е јасно дека тие банки што се занимаваат со извозот на руската нафта и гас за Европа нема да бидат засегнати.Со влечкање до последен момент, Германија кажа дека ја стопира дозволата за гасоводот: Северен тек 2. Да бидеме прецизни, не е баш стопирање, туку само суспензија, што воопшто не е исто. И со голема сигурност може да предвидиме дека во моментот кога конфликтот ќе заврши (на еден или на друг начин, мора да заврши), оваа санкција, и многу други, тивко ќе бидат спуштени, затоа што штетните ефекти кон европската економија, првенствено кон Германија, ќе бидат преголем товар за носење.Без разлика на сите спротивни тврдења, Германија не може да најде соодветни алтернативни извори на нафта и гас по одржливи цени. А како што знаеме, принципите се принципи, но бизнисот е бизниз. Неочекуваната одлука да пратат оружје во Украина – нешто што Германците отсекогаш го одбивале – е особено цинична акција. Тоа е премалку и предоцна за да се сопре напредокот на Русите. Но ова може значително да помогне да се издолжи болниот и крвав конфликт и страдањето на луѓето, нешто за кое што Западот тврди дека е нивна една и единствена грижа.Нема причина да постои сомнеж за искреното чувство на солидарност со страдањето на украинскиот народ почувствуван од работниците насекаде. Кога руски, германски, француски или американски работник покажува симпатија кон Украинците, може да им се верува. Но кога Бајден, Џонсон, Макрон или Шолц го прават истото нешто, на чесните луѓе може само да им се слоши од тоа.Одвратното лицемерие на империјалистите не познава никакви граници.Дали офанзивата не успеа?Империјалистичката пропагандна машинерија инсистира дека Путин не успеал во својата цел и дека напредувањето на руската армија е стопирана од херојскиот отпор на украинската армија. Во недостаток на било какви веродостојни информации, тешко е да се потврдат фактите. Но такви изјави не можат да бидат земени здраво за готово.Прво што мора да се истакне е дека досега се распределени само мал дел од вкупно 190.000 војници што беа стационирани на границата со Украина. Бавното темпо може да се објасни со потребата да се донесат залихи од гориво, муниција, храна итн., и да се превенира тие линии на снабдување од Русија да не се истегнат до опасно ниво. Украина, покрај сѐ, е многу голема земја.Исто така треба да биде забележано дека, во секоја фаза кога армијата имаше застој, Путин се нудеше на преговори. Ова се чини дека е намерна стратегија. Сигурно се има надевано дека самиот факт што има инвазија ќе биде доволно за да ги седне Украинците на преговарачка маса, каде што ќе им ги соопшти неговите барања. Имаше одредени навестувања дека оваа стратегија, всушност и успева.Во петокот вечерта, имаше јасни индикации дека украинскиот претседател Владимир Зеленски беше подготвен да преговара. Беше јасно дека е во состојба на паника. Како и да е, комбинираниот притисок од екстремните десничарски елементи и НАТО и Американците, беа доволни за да го промени мислењето. Како резултат на тоа неговиот став се трансформира во пркосење. Тоа значи дека војната ќе продолжи.Секако, сосема e веројатно дека руската армија се соочува со одредени пресврти; дека одреден дел од украинската армија се опоравил од почетниот шок и се реорганизира до ниво кое пружи поуспешен отпор.Ова е сосема веројатно. Математиката на војната е екстремно комплицирана; поразите може ненадејно да бидат проследени со напредок, и обратно. Но не е доволно да се земаат само индивидуални примери како доказ дека целокупната кампања се движи во една или во друга насока. На крај на краевите, балансот на сили е тој што ќе го одлучи резултатот од војната. А тоа е убедливо во корист на Русија.Далеку од повлекување, сѐ укажува на тоа дека руската армија непречено напредува во фази, освојувајќи цел по цел. Руските сили го опколуваат главниот град Киев од различни страни, и исто така го опколија и вториот град по големина, Харков. Од Крим напредуваат кон север и северо-запад, до Миколаив; и исто така кон северо-исток, по брегот на Азовско Море, каде што ги зазедоа Мелитопол и Бердианск, и речиси успеаја да го отсечат клучниот град Мариупол, поврзувајќи се на тој начин со силите што доаѓаат од југ, од Донецк.Во исто време, Русите сѐ уште вршат притисок за преговори. Тоа е јасно дека е дел од планот. Не е случајно што Украинците ја одбија понудата да има средба во Минск, со аргумент дека Белорусија е сојузник на Русија и дека им помага во инвазијата. Следователно, Израел и Азербејџан ги понудија нивните услуги, кои Путин веднаш ги прифати. Порано или подоцна, преговорите мора да започнат. Прашањето е, дали може да успејат? Вистинската причина зошто Зеленски се колеба да седне на преговарачка маса е очигледна. Имајќи ја во предвид ситуацијата на терен, било какви преговори ќе ја позиционираат украинската влада во екстремно подредена положба.Првото прашање што треба да биде поставено е: Што може да одведе Зеленски на преговарачка маса? Ќе биде како коцкар кој седнува на масата без карти за игра. Од таа гледна точка на работите, преговорите ќе бидат само вовед во капитулација. Како и да е, охрабрен од Вашингтон и Берлин, Зеленски делува дека не планира да капитулира.Затоа, резултатите од преговорите ќе бидат потполно неуспешни. Прашањето ќе биде решено – што беше јасно од старт – не преку преговори, туку на бојното поле. А таму, Украинците се безнадежно преслаби. Неколку пратки на оружје од Берлин нема да направи некаква разлика.Како империјалистите ја изневерија УкраинаИмперијалистите, како и владата во Киев, изгледа дека се потпираат на промена внатре во Русија, која би ги пореметила математиките на Путин. Во потполно циничен маневар, се обраќаат со демагошки барања до рускиот народ да им го сврти грбот на нивните господари во Кремљ.Повеќе од јасно е дека Путин и олигархијата на која му служи се непријатели на руските работници. И неговата база од која ја црпи поддршката постепено се намалува, поради што е очигледно дека е една од причините зошто одлучи да игра на картата на напад на Украина. Исто така е јасно дека овој потег може потаму да се сврти и против него.Како и да е, кое и да е тврдење дека реакционерните империјалисти можат, на било кој начин, облик или форма, да ги бранат интересите на народот во Русија, Украина, или било која друга земја е подла лага.Украинскиот народ дозна колку вреди ветената помош и солидарноста од НАТО и Западот кога дојде клучниот момент. Тие го гледаат украинскиот народ како обични пиони во цинична игра; топовско месо кое што може да биде корисно жртвувано со цел да ја дискредитира Русија, без да изгубат ниту еден војник.Не треба да се има никаква доверба во овие гангстери. А посебно не од страна на работниците и социјалистите на Запад.Борбата против реакционерната банда во Кремљ е задача на руските работници. Наша задача е да се бориме против нашата буржоазија, против НАТО и против американскиот империјализам – најконтрареволуционерната сила на планетата.Тешко е да се процени психологијата на широките руски маси во овој момент. Но на најголемиот дел од рускиот народ мора да им е ужасна идејата да се борат против нивните браќа и сестри во Украина, кои отсекогаш имале посебно место во нивните срца.Тие сфаќаат дека НАТО и американскиот империјализам се нивни непријатели и би биле подготвени да се борат против нив. Но не го гледаат народот на Украина на ист начин, а тоа е исправен и здрав инстинкт.Ако ја прифатат војната на Путин (а многу не ја прифаќаат) тоа е со колебање, поради подлото однесување на владата во Киев: нивната соработка со реакционерни фашисти и следбеници на нацистичкиот колаборатор за време на Втората светска војна, Степан Бандера; угнетувањето од нивна страна на жители во Донбас што говорат руски јазик; и останати коруптивни и угнетувачки дела. И позади владата во Киев, тие ја гледаат крвавата рака на империјализмот.Руските другари од ИМТ делуваат во однос на ова прашање. На нас е да го следиме нивниот пример и да истапиме храбро и јасно против владејачката класа и империјализмот во нашата земја. Секоја друга политика е недозволива за автентичните револуционери и пролетерските интернационалисти.Не можеме да дадеме поддршка за било која страна во оваа војна, затоа што е реакционерна војна на двете страни. Во конечната анализа, ова е конфликт помеѓу две групи на империјалисти. Не поддржуваме ниту една страна. Сиромашниот украински народ кој крвари е жртва на овој конфликт, а тие не го создадоа и не го посакуваат овој конфликт.Никој со сигурност не може да го предвиди резултатот од оваа војна. Но нема да биде со позитивен исход за работничката класа во Украина, Русија или интернационално.Непосредниот ефект ќе биде пад на животниот стандард и покачување на цените насекаде. На луѓето ќе им биде кажано дека ова е неоподна цена која мора да се плати за одбраната на „мирот и демократијата“. Тоа ќе биде недоволна утеха за милиони луѓе кои се соочуваат со сиромаштија, невработеност и страдање.Раселувањата предизвикани од војната и влошена од санкциите кои ќе ја пореметат светската трговија, понатаму ќе го поплочат патот до економски колапс во не толку далечна иднина. Резултатот ќе биде светска криза. Тоа ќе биде основа за голема социјална и политичка нестабилност и невидена интензификација на класната борба.На почетокот на секоја војна, свеста кај широките народни маси е полна со конфузија и oтапена од пропагандната магла, што создава сензационална хистерија, налик на пијанство. Под тие услови, најреакционерните делови од буржоазијата може да успејат во воспоставување на илузија за „национално единство“.„Мора сите да застанеме заедно против надворешниот непријател! Мора сите да направиме жртва и да платиме за подобрена национална одбрана!“ Итн, итн. Но, како и во сите случаи на пијани оргии, чадната завеса на крај ќе испари. Пропагандата ја губи својата вредност преку бескрајните повторувања. Пораката за патриотизам и национално единство ќе звучи празно, како што мажите и жените ќе ги губат своите работи, нивните домови и нивните надежи.Историјата ни покажува дека војната, тoj ужасен крвав настан, многупати може да води директно до револуционерни последици. А историјата уште не ја испорачала нејзината конечна сметка.Долу со капитализмот и империјализмот!Да живее светската социјалистичка револуција!Да живее интернационалната марксистичка тенденција! Работници од целиот свет, обединете се! Алан Вудс, 28 февруари 2022, ЛондонПревод: AKОригинал : The Ukrainian conflict: is this the start of World War III?