Грција - еуфорија за фудбалот, но со мрачна економска и социјална ситуација Macedonian Share TweetMacedonian translation of Greece – euphoria over football, but the economic and social situation is grim By Fred WestonВчера во цела Грција се славеше. Нивниот национален фудбалски тим, лузерски, аутсајдерски, со шанси 80 спрема 1 за победа, постигна она што многумина го сметаат за чудо, победа на финалето на Европскиот Куп! Тие беа лузери кои требаше да бидат елиминирани на самиот почеток. Овој пат големите, Германија, Франција, Шпанија, Италија, Англија отидоа.На обичните грчки работници и студенти им требаше навистина нешто весело во нивните животи кои се милион светлосни години далеку од вчерашната претстава со огнометот. Многумина невработени и слабо платени работници беа пресреќни од идејата дека ги терминирале посилните од себе земји. Сепак, заедно со нив беше и ново избраниот премиер Костас Караманлис, кој навиваше заедно со останатите грчки навивачи. Тој седеше на седиштата резервирани специјално за елитата и без сомневање мислеше дека резултатов е многу корисен за одвлекување на вниманието на јавноста од вистинските проблеми на животот.Не сакаме да го расипуваме расположението, а се надеваме луѓето направија луда забава мината ноќ, но не може да се избегне дека сето ова има една многу реакционерна страна во себе. Современите фудбалски натпревари се еквивалент на античко римските panem et circenis (леб и циркуси), кои ги плаќале богатите за големи претстави кои ги правеле ниските класи весели, идеја дека веселите луѓе не се жалат!Сега за сега Караманлис и грчката владеачка класа може да се замислуваат дека се силни. За 6 недели тие ќе ги имаат Олимписките Игри. Но, ништо од ова нема да послужи да се отстрани вистинската ситуација со која е соочена грчката работничка класа. Еуфоријата може аа потрае неколку недели, но реалните околности ќе се вратат по нив, невработеноста, ниските плати, инфлацијата итн. И додека трае забавата да погледнеме што се случува во вистинскиот свет на Грција.Поразот на ПАСОК на неодамнешните избори На општите избори кои се одржаа рано оваа година ПАСОК беше исфрлена од власта плаќајќи ја цената за приврзаноста кон анти-работничката политика. Симитис, премиерот од ПАСОК, го гледаа како грчки Блер. Ситуацијата во Грција е важна за британските работници, но и за Германците и сите други земји каде социјал-демократијата на власт спроведува десничарска политика.Лидерите на ПАСОК се обидоа во последната минута да направат смена, го сменија Симитис со Џорџ (Јоргос) Папандреу. Џорџ е син на познатиот Андреас Папандреу, кој ја водеше ПАСОК во средината на 1970те со програма која звучеше дека е лева и радикална. Идејата им беше да се обидат да се повикаат тоа сеќавање. За несреќа за избирачите, сеќавањето од последните години беше посилно, така што промената на лидерството не ги спаси од поразот.Неодамна, европските избори во Грција ги потврдија резултатите од мартовските општи избори, со уште поголема разлика (+6%) помеѓу ПАСОК и НД (Нова демократија) предводена од Костас Караманлис, внук на попознатиот Караманлис од минатото.Овој резултат може да се објасни делумно со нискиот одзив на гласачи (за грчки стандарди) за европските избори од само 62%. Големата апстиненција речиси целосно е поради тоа што не излегоа гласачите на ПАСОК, те гласот на работничката класа. Ова го коментираа многу аналитичари во Грција, истакнувајќи дека со ова се „казнува“ ПАСОК. Работниците во Грција не се задоволни со она што се спроведува според нив со нивната партија, но не се подготвени и да дадат подршка на НД. Тие беа несреќни кога ПАСОК беше во владата, но несреќни се и сега кога таа е умерена опозиција на нова влада на НД.Работите се влошија и со цик-цак однесувањето на Папандреу. Во екот на изборите тој даваше најконтадикторни изјави, кои се однесуваа за реформите за работниците до „нео-либералната“ политика, т.е. плановите за приватизација и резовите на социјалната потрошувачка. Полошо испадна и кога Папандреу јавно соработуваше со истакнати буржоаски политичари и уште нив ги стави на врвот на листата на ПАСОК. Тој отиде уште подалеку, па јавно објави дека неговиот модел за ПАСОК е американската Демократска партија. Папандреу студирал во САД, зборува многу добро англиски, има многу добри врски со истакнати американски буржоаски политичари и е многу присакуван од американската администрација. Колин Пауел беше преполн комплименти за него.Дури и дел од гласовите за НД дојдоа од гласачите за ПАСОК, кои јасно се изјаснија дека тоа го прават да ја казнат ПАСОК, а не да ја наградат НД. Во работничките области гласовите за левицата продолжија да бидат силни, и покрај апстиненцијата, со 60-68% гласови за ПАСОК, ККЕ (Комунистичка партија) или Синаспизмос (сојуз на леви партии, кои потекнуваат од ККЕ).ПАСОК главно ги загуби гласовите кај пензионерите, среднокласниот електорат и селаните. Секако, за НД гласовите масовно се зголемија во многу богатите области, каде добија 10-15% повеќе од порано. Тоа е јасен знак дека богатите се спремат за борба со работиничката класа.Со ова се потврдува она што го тврдевме во предходната статија - работниците од Грција не одат кон десно. Тоа може да го заклучи само површен набљудувач. Во реалноста се случува длабока и широко распространета радикализација.Поларизација помеѓу класите Фактички, се набљудуваат облици на поларизација на општеството, и во левицата и во десницата. Тоа се гледа во малата ЛАОС партија, предводена од Јоргос Карацаферис. Таа е десничарско крило отцепено од НД. Во почетокот имаше мал успех. Сеуште е мала сила, но имаше успех на мартовските избори и сега има добиено место во европскиот парламент. Сега не претставува опасност за НД, но во иднина бидејќи НД сигурно ќе ги изневери своите приврзаници, тие ќе се придвижат кон ЛАОС. Така зацртани се идните бојни линии за големите конфронтации помеѓу класите.Засега треба да запомниме дека Новата демократија е на власт само неколку месеци. Сеуште не ги покажала забите на работниците на Грција. Напротив, таа ветуваше секаков вид на подобрување, главното ветување е гаранција за работниците на определено време и тие со привремен договор за склучување постојан договор за работа. Сега, таа го омекна ставот и изјави дека само 10% од 250 000 работници со вакви услови ќе добијат постојани договори. Првично беше дека ова ќе важи за сите времено вработени. На овој начин НД успеа да собере гласови од политички поназадните слоеви на работничката класа и средните класи. Но ова не може да трае долго. НД ќе мора брзо да повлече одлуки и да ги открие своите вистински намери. Тогаш ќе се види колку ефемерна е нивната изборна подршка.Моментално многу луѓе се вработуваат за претстоечките Олимписки игри и економијата сеуште расте, но тие што имаат очи за гледање може да видат дека состојбата драматично ќе се промени во блиска иднина. Владата на „Неа Димократија“ нема да може да ги исполни своите ветувања. Таа е партија на грчките газди и е под притисок да одлучува брзо и офанзивно кон грчките работници. Таа е повикана да го направи тоа што не можеше владата на ПАСОК.Постои еден важен детаљ со кој ПАСОК се разликува од Нова демократија. ПАСОК, и покрај десничарските водачи, се гледа како на партија на работниците. Таа има органски врски со синдикатите, и затоа ги користеше кога беше на власт. Исто така се покажа дека тие се и нејзините уништувачи. Иако се обидоа да ја имплементираат програмата што ја бараа газдите, таа можеше само толку. Нејзините врски со синдикатите исто така ја принудија на компромиси за одредени мерки. Тоа се виде кога ја присилија на компромис за пензиите по големиот генерален штрајк. Исто така со тоа може да се објасни зошто грчките газди одлучија дека е дојден моментот да се отфрлат услугите на Симитис, Папандреу и компанија. Зошто да се чува ПАСОК во владата ако не може успешно да ги задржи синдикатите и да се прифати нивната програма?Како што спомнавме погоре, Папандреу мисли дека решението е да се трансформира ПАСОК во отворено буржоаска налик на американската Демократска партија. Проблемот е што ПАСОК е поврзан со работничката класа. Таа има силни врски со синдикатите. Затоа во следниот период во партијата ќе дојдат спротивни притисоци. Внатрешни конфликти се сигурни, со обиди на работничката база да ја превземе партијата.Мрачна економска иднина Што ќе се случи следно? Да се разбере тоа треба да ја согледаме општата економска и социјална состојба во земјата.Се до неодамна, покрај некои важни движења на работничката класа, имаше релативна стабилност. Тоа може да се објасни со фактот дека за поледните десет години годишната просечна стапка на раст беше 3%. Мината година достигна 4%. Но, со тука се кријат вистинските процеси.Главниот извор на раст во грчката економија е во услужниот сектор. Тој е претставен со 71% од вкупниот БДП. Индустријата зафаќа околу 20 %, додека земјоделието е сеуште со релативно висок допринос од 9% од БДП. Ова не е структура на силна економија. Вистина е дека земјоделието спадна од 20% од пред неколку години и дека целта е да достигне до 6%, но на штета на создавање на поголема невработеност која ги преплавува градовите. А земјоделскиот производ како процент од БДП е сеуште многу повисок од поразвиените капиталистички земји. Тоа е индикација дека грчката економија има помалку развиена природа.Грчкото земјоделие е многу примитивно и ниско во технолошкиот внес, со многу мали селани кои работат на земја на многу непродуктивен начин. Постои тенденција земјата да се концентрира во рацето на големи земјопоседници. Присутна е појавата на прекупци, кои купуваат од селаните за ниски цени и ги продаваат по покачени на работниците во градовите.Официјалните бројки за невработеност се 9%, но секој знае дека вистинските податоци се веројатно двојно погоелми. Бројката од 9% е слична на другите ЕУ земји, но ако погледнеме други бројки доаќаме до вистинската ситуација. Во ЕУ просечното ниво на активно население е 64%. Во Грција активно е само 57% од населението. Она што е полошо е што голем дел од невработените стануваат структурно, или постојано невработени. Сега, во таква положба се 60% од населението.Постои очигледна контрадикција помеѓу привидниот раст на богатството, растот на економијата и куповната моќ и растечките нивоа на сиромаштија. Сега 22% од населението живее под линијата на сиромаштија, а 14% се блиску над неа. Тоа значи дека 36% од населението е маргинализирано.Оваа привидна контрадикција исчезнува кога ги гледаме бројките за банкарските заеми. Го гледаме истиот феномен на развивање во Грција исто како во земјите како Британија или САД, на огромен раст на персоналниот долг. Вкупните бројки на персонални заеми, вклучувајќи ги кредитите, сега се 47 милијарда евра или 8,2% од БДП. Тоа е огромно за грчките стандарди. Со одење во долгови, а не со зголемување на реалните приходи грчките семејства го одржуваат нивото на животниот стандард.Грција е слаба капиталистичка сила. Нејзината индуструска база е многу слаба. Веќе спомнавме дека таа е претставена со 20 % во БДП, што е индикација за нејзината назадност. Но грчката индустрија оди од лошо кон полошо. Многу фабрики се затворени. Тоа е делумно заради неспособноста да се натпреварува со од далеку посилните компании во главните европски земји, како Германија или Франција, но исто така и Шпанија или Италија. Многу потрошни добра купени во Грција потекнуваат од надвор. Тоа значи дека грчката економија е многу ранлива и зависи тешко од она што се случува во светската економија, посебно од економијата на Европската Унија.Постои и делумно поместување на производството во соседните земји, како Бугарија, Македонија и Албанија. Причината за тоа е екстремно ефтината работна сила која е достапна во овие земји. Грчките капиталисти инвестираат во рударство, петрохемиска индустрија и во трговијата на мало и препродажба во овие земји.Грција може да се смета за слаба империјалистичка сила во регионот. Една важна индикација за нејзината назадност е големината на услужниот сектор и земјоделието. Но нејзините услуги не се како финанските центри како Лондон. Најголемиот дел од услугите е заземен од туризмот.Исто така не е доволно само да се погледнат бројките на раст. Земени така, изгледаат доста импресивно, но од поблиску се појавува друга слика. Три од четирите проценти на раст на БДП мината година се поради парите потрошени на Олимписките игри и други инфраструктурни работи, како импресивниот мост до Патра кој ги поврзува западниот дел од полуостровот Пелопонез со копното. Пристигнати се многу пари од Европската Унија како помош, но таа ќе секне.Сега сите овие работи се при крај. Но, покрај тоа што ова ја стимулираше економијата тоа допринесе во огромното зголемување на јавниот долг, кој сега е 102% од БДП. Тие исто така очекуваа дека ќе имаат загуби од Олимпијадата. Има уште многу непродадени билети. Голема е пропагандате дека треба да се биде патриот и да се подржи Грција со купување на билети и одење на овие летни настани. И многу од објектие што се изградени ќе се покажат како скапи за одрчување и ќе бидат повеќе од товар во иднина отколку извор на приходи.Кога ќе се потроши јавната потрошувачка ќе ја видиме вистинаската состојва на грчката економија. Додаток е спориот раст на економијата кој се очекува за наредните две до три години. Секако секое сериозно забавување на светската економија ќе влијае сериозно за Грција.Офанзивата на газдите Се што изјавивме погоре покажува дека следниот период во Грција ќе се разликува од последниве неколку години. Ситуацијата драматично се менува. Тоа го приметуват и посериозните буржоаски аналитичари. Сепак, нивното решение е да се продолжи по патот на приватизации, дерегулација, зголемување на бројот на работници со повремен, нередовен труд („кежуализирање” на трудот), итн.Со владата на ПАСОК имаше делумна приватизација. Тие успеаа да продадат доста државни компании, но во повеќето случаи не беа продадени директно на приватни компании. Исклучоци се, на пример, бродоградилиштата, каде едно се продаде на германска компанија, а другото на грчка компанија. Во услугите, како водовод и телекомуникации, се продадоа акции, но државата сеуште ги држи во раце повеќето од нив и затоа севкупно сеуште ги има под контрола.НД сака да отиде понатаму и да ги продаде државните компании на приватни компании. Тоа е главнината на нивната програма. Тие сакаат да појдат од делумните мерки на ПАСОК во вистинска тачеровска „либерализација”. Тоа ќе предизвика конфликт со засегнатите работници и ќе го открие вистинското лице на новата влада на Нова демократија.Исто така тие ќе сакаат да ги намалат пензиите уште повеќе. Во 2001 владата на ПАСОК се обиде да ги нападне пензиите, но се соочи со генерален штрајк и мораше да се постигне компромисен договор. НД беше многу внимателна во изборната пропаганда случајно да не стане збор за пензиите. Но, ќе мора да се навратат на ова прашање бидејќи газдите нема да чекаат долго. Истото се однесува и за образованието. ПАСОК беше способен да не прави сериозни резови во образовниот систем поради резовите во воената потрошувачка - нус продукт на подобрените односи со Турција во последниов период. Турција беше под притисок да ги подобри односите со Грција ако сака да го отпочне процесот на влез во ЕУ некогаш во иднина. Сега, НД во секој случај ќе предложи остри резови во образованието и понатамошни мерки за приватизација и на овој сектор. Со новата состојба може да очекуваме големи движења кај студентите, и во средните училишта и во универзитетите.Сето ова укажува дека плановите на Папандреу за трансформација на ПАСОК во ала-американска Демократска партија се чиста илузија. Со ова не се исклучени отцепувања на десно од ПАСОК, но мнозинството од партијата ќе биде под притисок на работничката класа. Ситуацијата која ја опишавме е подготовка на период на интензивна класна борба. Веќе бевме сведоци на неколку генерални штрајкови за време на владата на ПАСОК. Тие се ништо во споредба со она на што ќе бидеме сведоци под владата на НД. Синдикатите ќе бидат под притисок да го возвратат ударот. Синдикалните водачи мора да се ужасуваат од состојбата што се развива. Со ПАСОК тие се правдаа дека не смеат да ги нишаат чамецот, дека не смеат да создадат ситуација при која НД ќе се врати на власт. Но, сега НД е на власт, па затоа нема оправдувања. Работниците ќе бараат од нивните водачи да се возврати ударот. Ако тие не го направат, очекуваме битки во самите синдикати каде ќе се појават левичарски водачи.Во меѓувреме ПАСОК ќе продолжи да ги губи изборите. Единствен пат за опоравување на ПАСОК е да се придвижи на лево, барем во зборови. Сегашното десничарско, социјал-демократско водство на ПАСОК ќе биде изложено на силен притисок. Некои од нив се отворени претставници на буржоазијата. Кога овие елементи ќе сфатат дека не може да ја користат партијата за својата програма тие може да се одлучат да излезат. Во одредено време ќе биде создадена ситуација за огромно свртување кон лево внатре во ПАСОК. Сеуште е рано сега, но овој процес ќе се појави во иднина.Така ПАСОК ќе биде изложен ан голем притисок од работничката класа додека е опозиција. Во исто време НД ќе се покаже дека е многу слаба влада и покрај изборното мнозинство. Кажавме дека таа не ја претстави својата реална програма на електоратот. НД дури и се обиде на некој начин да покаже дека е про-работничка партија! Таа вети големи пензии, постојани работни договори, итн.Веќе споменавме дека таа многу брзо мораше да го смекне ветувањето за постојаните договори. Но, ова прашање за повремената работа (договори за дело) е големо во Грција. Во земја со околу десет милиони луѓе бројот на работници на одредено време или привремено е 250 000. Голем дел од нив ќе ги изгубат работните места во наредниот период, посебно со завршетокот на работите околу Олимписките игри. За последниве неколку месеци имавме три големи и активни мобилизации на воие работници. Во некои случаи работниците ги принудија газдите за склучат постојани договори, но општо газдите се опираат со сета сила. Тоа ќе биде горка битка. Ова прашање ќе биде во центарот на конфликтот помеѓу работничката класа и владата на Нова демократија.Владата на НД сака да го зачува социајлниот мир барем до и за време на Олимписките игри. Но работниците на одредено време не може да чекаат. Јасно е зошто тие се мобилизираат сега. Иронијата на ситуацијата е дека спорд директивите не ЕУ не треба да има работници на одредено во потојаните услуги. Но во Грција такви се 90% од работници на одредено на овие работни места.Сеедно дали е подготвена или не, набрзо владата на НД ќе ги нападне работниците. Грчката буржоазија веќе почна да се жали дека владата не презема сериозни мерки, дека го губи времето. Грчката конфедерација на газди бара итни мерки и цела серија на контра-реформи. Тие сакаат сите државни компании да се продадат, сакаат свежа офанзива на прашањето на пензиите, сакаат закони со кои ќе се олесни вработувањето на работници на одредено, тие сакаат да ги отпуштаат вработените полесно, тие сакаат општ рез во социјалната потрошувачка итн, итн.Затоа, владата на Нова демократија нема да може да седи долго. Притисокот од газдите е веќе присутен. Тие мораат да нападнат. Но, повторно, владата на НД не е силна. Не беше избрана со оваа програма. Таа е слаба влада која ја нема подршката од општеството за таква изменета програма.Веднаш со започнувањето на работа која планира да ја направи таа ќе се соочи со работничката класа. Тоа ќе предизвика поделби во владата и во самата владеачка класа. Веќе има и еден мал пример кој може да го наведеме. Заменик министерот за здравство неодамна ја предложи идејата дека земањето мито од страна на лекарите во здравствените услуги треба да се легализира и да се трансформира во некој вид фонд! Тоа се вистинските намери на оваа влада, нивниот вистински класен карактер. Но Министерот за здравство брзо интервенираше и кажа дека тоа е глупост, јасен знак дека тој е поразумен за реалното мислење на масите за овие прашања од својот заменик.Што се случува со работничкото движење? Стигнавме до прашањето што се случува внатре во грчкото работничко движење. Повторно, површното гледање нема да биде доволно да се разбере она што се случува. Последната главна мобилизација на работничката класа беше во есента 2003. Сведоци бевме на мобилизација во јавниот сектор и градежништвото, а од неодамна и работниците на одредено. Штрајковите беа организирани главно од АДЕДИ (конфедерација на синдикати од јавниот сектор). Неверојатно, но лидерите на ГСЕЕ (конфедерација на приватниот сектор) излегоа јавно против штрајкот на работниците во јавниот сектор тврдејќи дека нивната цел била да се урне владата на ПАСОК. Тоа го потврдува она што го наведовме погоре за односите помеѓу синдикалните лидери и ПАСОК. На крајот работниците во јавниот сектор постигнаа само делумна победа поради неефикасната мобилизација на дел од синдикалното раководство.За времето на владата на ПАСОК постоеше обид да се приватизира банкарскиот сектор на Поштата. Газдите одвај чекаа да е дофатат на Поштата бидејќи таа има претставништва во секое соседство и село, и многу луѓе таму ја оставаат својата заштеда. Но, ПАСОК мораше да отстапи како разултат на реакцијата на работничката класа.Борба имаше и во пилотскиот персонал на Олимпик ервејс. Тоа беше тромесечен штрајк, кој почна од ноември и заврши на 12 февруари. Компанијата бараше зголемување на работните часови од својот персонал и беше принудена на компромис како резултат на штрајкот.Нивото на борбеност е последица на повторното будење на работничката класа, на големите генерални штрајкови кои ги видовме. Во претстојниот период нивото на мобилизација ќе се зголеми. Имавме избори на 13 март, а на 31 март имаше генерален штрајк организиран од ГСЕЕ за платите. Лидерите не се мобилизираа доволно сериозно за ова и немаше голем успех. Но сеуште е многу рано. Она што е значајно е дека толку рано во владеењето на НД има таква мобилизација. Тоа е само знак за она што следи.Еден голем проблем кој сериозно влијае на грчкото работничко движење е сериозната поделба во синдикатите помеѓу ПАМЕ и ПАСКЕ во ГСЕЕ. Ова се две крила на иста организација, во ПАМЕ доминантна е ККЕ, а во ПАСКЕ ПАСОК. ПАМЕ зазема ултралева позиција подолго време со извлекување на своите снаги, одвоени од тие на ПАСКЕ и во многу пригоди организира засебни собири на ист ден на акција. Она што е значајно за мобилизацијата од 31 март е дека ПАМЕ и ПАСКЕ ги повикаа снагите на ист протест. За жал на Првомајските демонстрации ПАМЕ се врати на својата деструктивна политика со посебен собир. Со владата на ПАСОК лидерите на ПАМЕ можеа да ја оправдаат својата сепаратистичка тактика, но сега притисокот ќе ги постави во единство против владата на НД.Приодот на лидерите на ПАМЕ објаснува една појава на левицата. На мартовските општи избори ККЕ порасна за многу малку, за само 0,3%. Тоа е многу малку ако се земе предвид општото разочарување помеѓу гласачите на ПАСОК и јасниот процес на радикализација на левицата во Грција. Со својата ултралева тактика за синдикалниот фронт ПАМЕ (ККЕ) оутѓи многу потенцијални следбеници кои ќе ги преземеше од ПАСОК. Она што ги влошува работите е додека ККЕ прифаќа ултралева тактика на поле на синдикатите, често зазема опортунистички ставови за други прашања. На пример, во повеќе пригоди се здружуваше дури со НД против ПАСОК! Поразот на ККЕ да го собере она што ПАСОК го загуби предизвика многу прашања внатре во партијата, посебно меѓу младите.И покрај ова ККЕ останува да биде една од двете историски традиционални масовни организации на грчката работничка класа. Комунистичката традиција е длабоко и силно вкоренета во Грција, потекнувајќи од Граѓанската војна во 1940те и порано во деновите кога идеите на Ленин доминираа во движењето. Затоа ККЕ, а посебно младината, КНЕ, привлекоа еден важен слој на работници и младинци кои сакаат да се борат против капитализмот. Тие на пример се силно вклучени во анти-военото движење на американската интервенција против Ирак. ККЕ на европските избори затоа и освои нешто повеќе отколку на општите избори.Како што објаснивме многу пати, процесот на радикализација на работничката класа ќе започне во синдикатите. Може да забележиме дека во периодот од 1998-2004 синдикалното членство порасна од 760 000 во 840 000. Во следниот период очекуваме овој тренд да продолжи и засили. Тоа ќе биде нова генерација на млади работници кои сакаат да се борат и тие ќе ги стават синдикалните лидери на испит.Затоа перспективата на работничкото движење за наредниот период е тој на враќање кон синдикатите кои ќе ја ослободаат борбата против сегашното конзервативно раководство. Може да очекуваме смена на раководствата на еден по друг синдикат со секоја успешна борба.Поради таквите настани ќе се почувствува ефект внатре во ПАСОК. Борбите кои ќе се одвиваат во синдикатите ќе видиме како се повторуваат внатре во самиот ПАСОК. Сепак, за тоа ќе треба да се почека. Моментално ПАСОК не ги привлекува радикалните младинци и борбени работници. Сеуште е многу рано. ПАСОК беше на власт само пред неколку месеци, спроведувајќи ги желбите на газдите. Од страна на многу млади таа се доживува како нивен непријател. Гласовите за ПАСОК на европските избори покажуваат дека може да се очекува понатамошен пад во следниов период. И покрај се, дополнителен фактор е тоа што Папандреу ужива подршка во редовите на ПАСОК и кај поширокиот слој на нивните тврдокорни избирачи. Ќе биде потребно време разните сектори на работничката класа да го согледаат Папандреу.Во ПАСОК постои лево крило, познато е како „Лева иницијатива”. Тоа ги собира оние обични членови кои се против приватизацијата и не ја прифаќаат анти-работничката политика. Ова крило, сепак, е доста конфузно. На пример, тие ја подржуваат Европската Унија и формирањето на Европска армија, а во исто време се склони на грчкиот национализам. Вистината е дека тие се многу мека левица. Вистинската левица на ПАСОК ќе се појави во иднина, во силниот ек на самата класна борба.Покрај ПАСОК и ККЕ постојат и други помали сили на левицата. Една од нив е Синаспизмос. Таа е формирана со отцепување од ККЕ и собирање на други помали левичарски сили. И таа има лево и десно крило. Десното крило се отцепи неодамна и се приклони на поголема соработка со ПАСОК. Тоа значи дека левото крило е мнозинство во партијата. И покрај губењето на десното крило - или подобро благодарејќи на тоа - Синаспизмос не претрпеа губиток во јавната подршка. Сепак, останува да важи дека Синаспизмос зазема подесни ставови во однос на ККЕ по многу прашања. Поради тоа што за младите изгледа помалку бирократска, помалку сталинистичка, таа ги привлекува, но не успеа да излезе како силна масовна алтернатива на ККЕ или на ПАСОК. Постои уште и ДИККИ, формирана пред неколку години со мало отцепување на левицата од ПАСОК, водена од Цоволас. Неговото гласачко тело се сведе на 1,5% и нејзиниот лидер реши да ја затвори партијата и да се врати на својата кариера како адвокат. ДИККИ беше предвремен расцеп и без некои вистински принципиелни разлики со ПАСОК. Тие требаа да ја изградат левицата внатре во ПАСОК. Наместо тоа тие направија мала авантура. Таа ќе имаше пристоен успех да развиеше вистинска револуционерна социјалистичка програма, нешто за што нејзините лидери не беа способни.Сите овие расцепи во ПАСОК и ККЕ се само антиципација на она што не очекува во иднина. Тие го отсликуваат расположението меѓу понапредниот слој на работничката класа и младината кои бараат алтернатива на опортунистичката политика на своето раководство. Проблемот е што масите остануваат поврзани со ПАСОК и ККЕ. Масите не раскинуваат лесно со своите традиционални организации. Тие учат од настаните. Поразот на ПАСОК е важна лекција за нив. Друга важна лекција ќе дојде од искуството со владата на НД. Тие ќе бидат принудени да се борат против владата. Во овој процес, тие ќе ги стават своите синдикални лидери на тест.Влегуваме во период на интензивен класен конфликт во Грција. Работниците и младината повторно ќе се мобилизира. Со тоа ќе се отворат на вистинските идеи на марксизмот, Доколку овие идеи постанат идеи на масите нема сила на Земјата која може да ги сопре грчките работници. Капитализмот им нуди мрачна иднина на грчките работници. Едниствениот излез е социјализам. Тоа е она што грчките работници го чекаат со декади. Е, тогаш Караманлис нема да слави.