Германија: за класна борба против владата и екстремната десница! Macedonian Other languages Share TweetСтотици илјади излегоа на улиците на Германија оваа недела да демонстрираат против реакционерната Алтернатива за Германија (АфД). Ова беше испровоцирано од неодамнешното откритие на либералниот медиум КОРЕКТИВ, дека политичари од АфД, десничарски екстремисти и водечки бизнисмени тајно се сретнале во хотел во близина на Потсдам да разговараат за масовно депортирање на мигрантите од Германија.[Source]Овој новински извештај го најавува почетокот на овогодинешните избори во Германија. АфД во моментов е најсилната партија во сојузните држави Тирингија, Саксонија и Бранденбург, каде ќе се одржат парламентарни избори на локално ниво во 2024 година. Освен ова, АфД е на пат да оствари голема победа на локалните избори во девет сојузни држави и изборите за Европскиот парламент. Десничарските демагози на АфД ги користат и искривуваат реалните стравови и грижи, што многумина ги имаат поради падот на животниот стандард, за свои реакционерни цели.Најголемиот германски неделен магазин Дер Шпигел ја прогласи 2024 година за „судбоносна година за демократијата“ во Германија. Овој остар тон беше повторен и од владината коалиција на социјалдемократите (СПД), зелените и либералите (ФДП), како и најголемата опозициска партија, десничарската ЦДУ. Заменик-канцеларот Роберт Хабек (од зелените) предупреди дека АфД сака „да ја претвори Германија во држава како Русија“. Ова доаѓа од претставник на владата којашто во моментов ни ги ограничува демократските права кога демонстрираме во поддршка на Палестина.Истите капиталистички политичари кои сега ја осудуваат антидемократската АфД, претходно оваа година тврдеа дека десничари се инфилтрирале во протестите на земјоделците против намалувањата на земјоделските субвенции. Министерот за финансии Кристијан Линднер (ФДП) тогаш почна да ја префрла вината врз мигрантите и невработените, велејќи дека повеќе нема да се толерира „луѓето да одбиваат да работат за своите пари“. Згора на тоа, владата сега го намалува буџетот за бегалците.И владејачката коалиција и ЦДУ/ЦСУ глумат дека се гневни на АфД и на плановите на заговорниците од Потсдам да депортираат мигранти. Па сепак, канцеларот Олаф Шолц (СПД) неодамна изјави: „Мораме конечно да депортираме луѓе во големи размери“. Министерката за внатрешни работи Ненси Фезер (СПД) гордо објави дека владата депортирала 16.430 луѓе минатата година – 27 отсто повеќе отколку во 2022 година. Благодарение на новите, построги правила за депортација, владата ќе депортира уште повеќе луѓе во наредниот период. Сепак, ЦДУ изјави дека овие мерки не одат доволно далеку, а политичарот на ЦДУ Торстен Фреј изјави дека: „Овој закон не решава ниту еден проблем во врска со миграцијата“.Додека тие спроведуваат анти-мигрантски политики без сличен скорешен преседан, овие фини „демократи“ демагошки и безобзирно се обидуваат да капитализираат на загриженоста од подемот на AфД и заканата што ја претставуваат за мигрантите. Не е тешко да се види зошто е така: рејтингот на овие партии во анкетите е низок (СПД 13 отсто, Зелените 12 отсто, ФДП 4 отсто) поради нивните политики на штедење, што ги влошија проблемите на работничката класа. Додека храната и домувањето поскапуваат, платите паѓаат, а владата дава бланко чек на оружената индустрија.Но, на капиталистичката класа итно ѝ треба стабилна влада. И така, сопствениците на најголемите германски компании застанаа зад демонстрациите против АфД. Нивното лицемерие е еднакво очигледно како и она на власта. Додека тие прават огромни профити и добиваат милијарди како подароци од владата, од народот се бара да плати за тоа.Подемот на десницата е нераскинливо поврзан со политиките на ЦДУ, ФДП, Зелените и СПД. Политиките на сите овие партии се диктирани од интересите на капиталистите. Сите тие за кризата ја обвинуваат работничката класа.Додека Германската Конфедерација на Синдикати исто така се мобилизираше за демонстрациите, синдикалното водство ја следи линијата на овие либерални демагози. Ова е грешка. АфД има корист од ова бидејќи се заматува линиите на класната борба, дозволувајќи им да се претстават себеси во лажно „антисистемско“ светло.Ние цврсто се спротивставуваме на сите лицемери и демагози, бидејќи тие ја делат работничката класа и го одвлекуваат вниманието од борбата против капитализмот. За борбата против АфД да биде успешна, тогаш исто мора да се бориме и против владата, ЦДУ и капиталистичката класа како целина.Протестите против АфД се само вовед во борбата против реакцијата, расизмот и поделеноста. Ние сме за разгорување на класната борба и пренесување на протестот од улиците на работните места. Потребен ни е штрајковно движење за да ги принудиме банките и корпорациите да платат. Ова треба да бидат методите што ќе ги преземат синдикатите против профитерите, политиките на штедење, военохушкачките влади и расистичките делби.Ако навистина сакате да се борите против АфД, придружете се на комунистите. Помогнете во изградбата на силите на револуционерниот комунизам и борете се со нас за да ја изнесеме програмата на класната борба и социјалистичката револуција.