Програмски основи на Марксистичката организација Црвени Share TweetЗа да се создадат услови за послободно, поразвиено општество по мерка на работничкото мнозинство, работата на Црвени се заснова на за следните програмски основи:[Source]За работничка партија! Идеологијата и политичките програми на владејачките, како и на опозиционите партии се пишуваат и спроведуваат во интерес на домашните тајкуни и империјалистички сили, под чије спонзорство тие партии се наоѓаат. Потребен е независен глас на организираните работните луѓе, којшто може да се оствари со формирање партија на работничката класа.Таа работничка партија мора да работи во спрега со синдикатите, како масовни организиации на класната борба, преку поддршка за борбата за поенинечни работнни места и во поединечните бранши, а истовремено да се бори за ситемски решенија и конечна победа на организираното работништво над организираниот капитал и неговата држава. За да ги одбрани интересите и трајно да ја унапреди положбата на работничката класа, оваа партија мора да има комунистичка програма за радикална општествена преобразба, односно соборување на капиталистичкиот систем и воспоставување социјалистичка заедницаЗа враќање на работничката контрола над синдикатите! Борбата за ново општество мора да започне од работничките организации кои постојат. Во склоп на борба за воспоставување на работничка власт, Црвени посакуваат, заедно со борбените синдикални активисти, да им ги вратат на работниците одземените права поврзани со штрајкот, синдикалното организирање и колективното преговарање. Меѓутоа, денешните синдикати имаат корумпирано раководство, чии претставници повеќе ја игра улогата на претставник на газдите меѓу работниците, отколку обратно. За да го искористат борбениот потенцијал на синдикалните структури, работниците мораат прво да ги вратат под своја контрола!Се залагаме за активно масовно учество на работниците во работата на синдикатите, регуларен демократски избор на сите синдикални претставници и можност за менување на истите во секој момент.Само така може да се спречи матењето зад затворени врати. Приходите на сите синдикални претставници мораат да се ограничат на просечна плата на квалификуван работник на нивното работно место, и со тоа нивниот материјален интерес да биде врзан за материјалните интереси на работниците..Се залагаме за отфрлање на сите постојни антиработнички и антисиндикални закони, кои како единствена цел имаат заштита на газдите, како и за отстранување на сите форми и преобразување на постојано вработени во привремени, повремени или агенциски работници. Меѓутоа, работниците не смеат да имаат илузија дека олеснувањето на штрајкот само по себе ќе осигура трајно подобрување на нивните услови на живот и труд. Борбата против газдите е непрекината во капитализмот. Долгорочната победа, кон која синдикалната активност мора да биде насочена, може само да дојде тогаш кога газдите нема да бидат повеќе газди, кога работниците ќе ја преземат контролата над своите животи со тоа што ќе ја преземат контролата над своите работни места.За работничко самоуправување и социјалистичко општество! Приватизацијата се покажа ништо повеќе од раскрчмување на богатството што работниот народ го создаваше повеќе од 40 години. Ова планско уништување и уназадување на целиот простор на Југославија ги доведе сите наши народи до политичкото и економско ниво од првите две децении од минатиот век.За да „се приближиме кон Европа“, моралвме да се вратиме назад 100 години! Приватизацијата се покажа како обичен грабеж! Во оние фирми кои наводно „легално“ се приватизираа – се разбира, согласно со законите кои се напишани во интерес на газдите – следеа отпуштања и стагнација на производството поради светската криза. Како панаѓурски маѓионичари, тајкуните трампаа магла за нашите претпријатија, за да потоа истите тие претпријатија ги претворат во магла и го продолжуваат својот поход по следната жртва! Подигнуваа кредити за откуп на државните претпријатија, а потоа тие кредити ги враќаа со пљачка на истите претпијатија и нивно фрлање во стечај. Дури и толку многу извиканите директни странски инвестиции се покажаа како уште еден начин на пљачка на нашето општествено богатство. Исто како и локалните тајкунски џепароши, странските инвеститори, како скакулци, побрзаа за ситни пари да ги откупат нашите претпријатија или земјиште во нашите индустриски зони, со ветувања на силни работни места за да се дочепаат до државни субвенции и даночни олеснувања. Приватизација на ресурсите и профитите, гледаме е пропратена со национализација на ризикот, негово префрлање на грбот на државата, поради купување на социјален мир. Овој тренд не е само локална одлика на балканските државички, туку е присутен во сите земји што ги погоди обновата на капитализмот, како што е присутен и во самото срце на империјалистичкиот свет, во земјите како САД или Велика Британија. Капитализмот падна на сите испити – не само на хуманоста и справедливоста, туку и на ефикасноста и продуктивноста. Затоа се залагаме за враќање на работничкото самоуправување и замена на капиталистичката национална држава со социјалистичка самоуправна заедница! Социјалистичката самоуправна заедница, меѓутоа, не смее да се повтори историските грешки и да го сведе работничкото самоуправување само на управување со сопственото работно место и на преговарање и ценкање со отуѓениот и привилегиран борократски партиски апарат. На тој модел историјата сурово му пресуди при крајот на 1980тите. Работничкото самоуправување за коешто се залагаат Црвени мора да почива на национализирано планско стопанство, во сопствеништво на државата, а под демократска контрола на работничките совети. Национализацијатаќе ги опфати сите претпријатија од клучна важност за економскиот живот и развој на општеството, како и целокупниот финансиски сектор, без надомест на досегашните сопственици. Уште повеќе, на сите тајкуни кои се обогатија во приватизациската пљачка ќе им бидат запленети финансиските средства, скапоцените добра и недвижности, кои, со исклучок на културните добра, ќе бидатвложени во единствениот фонд за вложување во развој на инфраструктура и за придвижување и осовременување на индустријата и другите гранки на човекова активност. Како и национализираната индустрија, тој фонд ќе биде под демократска контрола на работничките совети. Работничките совети не смеат да бидат расцепкани локални тела, кои се одвоени од државата и претставуваат нејзино дополнување. Напротив, идејата за самоуправна работнича заедница која ние ја нудиме подразбира расформирање на системите на буржоаската демократија, укинување на институцијата парламент, влада и претседател на држава, како и преземање на целокупната државна власт од страна на работнички совети и тела што ќе ги делегираат работничките совети. Главната улога на оовие стручни тела ќе биде изработка и спроведување на државниот развоен план, во кој до израз ќе дојдат решенија понудени и изгласани од страна на демократски делегирани претставници на работниците од различни бранши, како и претставници на малите земјоделци, како директни учесници во процесот на производство на добра и пружање на услуги, а не од страна на бирократи и „менаџери“, коишто ги посетуваат работните колективи само кога ќе треба да ги сними телевизија. Централниот развој на индустријата, во државна сопственост, а под контрола на работничките совети, ќе ја донесе и толку потребната сигурност и за земјоделските произведители, коишто се поврзани со индустријата и на коишто индустријата ќе им овозможи постојан откуп на суровините, по цени кои нема да бидат одредени еднострано, туку договорени низ заедничка работа на претставници на работничките совети и здруженијата на земјоделците. Денешното општество бара интензивен развој на земјоделието, што подразбира окрупнување на земјишните поседи. Затоа се залагаме за постепена интеграција на малите поседи во земјоделски задруги и земјоделски индустриски комбинати, по пат на посебни погодности за откуп и даночни олеснувања за сите земјоделски производители кои ќе се согласат да се интегрираат.За демократско народно судство! Во склоп на воспоставување на социјалистичка самоуправна заедница се залагаме за непосреден демократски избор на судии и јавни службеници, како и за право на бирачкото тело на нивно моментално отповикување со двотретинско мнозинство гласови. Се залагаме за укинување на приватните бирократски крлежи, како „јавните“ – во суштина – приватни – нотари и извршители и за преземање на нивните задолженија од страна на демократски делегирани судски службеници, кои ќе го заработуваат личниот доход спрема стручната спрема, додека наплатување на услугите на странките строго ќе им се забрани. Се залагаме за основање на посебни народни судови коишто ќе се бават со ревизија на принудните наплати од работничките семејства и со вршење на враќање на имотот запленет на основа на лихварските кредити и другите малверзации.За полна вработеност и прерасподелба на богатството во интерес на работното мнозинство! Работните луѓе денес работат во нехумано долги смени, под многу тешки услови на работа, каде што од нив се извлекува речиси секој атом на сила.Истовремено, се поголем дел од богатството што тие го произведуваат се одлива во приватни џебови, со што се зголемува јазот помеѓу шаката богати и масите од година во година.Никаквочудо не е тоа што во такви услови расте социјалната несигурност и десетина илјади млади работници ги напуштаат југословенските земји и заминуваат во економско бегство на Запад. Се залагаме за зголемување на минималната плата на износ што ги задоволува сите основни потреби на современата личност и просечното семејство. Исто така, се залагаме за воведување на максимална дозволена плата на раководителите на претпријатијата, која не го надминува односот 4:1 во едно претпријатие, како и за ограничување на приходите на сите државни функционери на износ кој не ја надминува просечната плата на високо квалификуван работник. Невработеноста не смее да се намалува со иселување на работно способните жители, туку со намалување на работното време сразмерно со слободната работна сила и овозможување на доброволна старосна пензија на 55 години, врзани за стручната спрема на работникот, а без никакви намалувања во однос на работниот стаж, бидејќи голем број наши работници денес веќе децении се вработени „на црно”. За да се ослободи домашниот буџет, ние се залагаме за отстранување на ДДВ и слични давачки кои го префрлаат најголемот дел од даноците на луѓето со најниски приходи.Наместо тоа, се залагаме за прогресивно оданочување на сите стопански субјекти. Поголемите плати мораат за значат и поголем придонес на буџетот. Тоа во прв ред ќе значи дека најголемиот дел на државниот буџет ќе потекнува од најуспешните самоупрани претпријатија, што долгорочно ќе создаде услови за намалување на даночните оптоварувања за физичките лица. Се залагаме за прекинување на отплатата на надворешниот долг, зашто парите на работните луѓесе користат за отплата на тајкунските и бирократските долгови, и за пренасочување на сите средства наменети за таа цел кон придвижување и развој на индустриско производство и изградба на инфраструктура.За женска еманципација и социјализација на домашниот труд! Во системот во кој работничката клса одвојува огромна количина на време за да себе си обезбеди минимум потреби на современиот човек, врз жените се навива дополнителен макотрпен неплатен труд во домот. Вршењето на домашниот труд денес се очекува од жените без оглед на тоа колку е оптеретено нејзиното работно место и колку саати поминува на него. на самото работно место жените често се жртви на разни облици на сексуална дискриминација. Жените од мали нозе се учат и подготвуваат да ја прифатат и трпат дополнителната економска експлоатација, пониската цена на работното време и подолгото работно време, на кои се повеќе изложени од машките, затоа што за нивната природа по правило е врзан опстанокот на децата или немоќните родители. Покрај дополнителната економска експлоатација, работните жени се, поради несигурната економска положба, многу често и жртви на разни облици на сексуално понижување, кога од работничките се очекува да трпат вмешување во интимата, а неретко и да поднесуваат и сексуални нафрлувања од страна на буржуите, нивниот раководителски кадар, но и од назадните и примитивни елементи помеѓу машките работници. Оваква ситуација на работното место, како и влијанието на воспитувањето, имаат за цел туркање на жените кон професии што се мисли дека се типишни женски, или пак излегување на жената од работната сила и ослонување на издржување од страна на имотните мажи, дали со помош на брак, или по пат на разни облици на проституција. За да не бидат додаток на машината и мажот, многу работни жени се согласуваат да бидат додаток само на мажот, што пак за последица има нормализирање и натурализирање на потчинетоста на жената на мажот. Обидите за излегување од таквите натурализирани односи често се дочекува со морална осуда на заедницата, како и физичко лишување од слободата и достоинството на жените, што понекогаш води кон смртен исход. Капитализмот не само што не е во состојба до крај да ја ослободи работната жена од пословичната кујна, туку цинично како ослободување и нуди да бира кој и за колку време ќе ја експлоатира. Уште повеќе, женската угнетеност и самата стана стока! Двократната експлоатација на работните жени денес ги користат светските буржујки да промовираат свои брендови – изградени од крвта и потта на жените од неразвиените земји – ни помалку, ни повеќе како модел на женска еманципација! Покрај нив, цела плејада на неолиберални профитери од невладиниот сектор живее од свртување на борбата за еманципација на работните жени во целина, кон борба за хуманитарна помош и згрижување на сразмерно мал број на жени, на чија сметка добиваат средства од капиталистичките фондации. За жал, некои кои себе се сметаат за левица денес се залагаат за платена домашна работа. Овој модел не само што е утописки поради краткиот дах и одржлив само во време на економски раст, туку е длабоко реакционерен бидејќи тежи кон јакнење на економската основа за потчинетост на жената кон мажот, то ест, за репатријархиализација на општествените односи. Ние ги отфрламе таквите решенија и половични мерки! Се залагаме за социјализација на домашниот труд со градење на достапни на сите детски градинки, дневни центри за деца, работнички мензи, јавни перални и образовно-рекреативни центри за деца од сите возрасти, со што би ја ослободило жената и целото семејство од сите облици на домашна работа, освен од оние најосновните. Се залагаме и за право на платено менструално боледување, како и право на трудничко боледување и на породилно во траење од година дена. Женското право на абортус, без дополнителни административни пречки, е од витално значење за јавното здравје. Нема да допуштиме никому да го укине тоа право, како законски така и со лицемерните приговори на „совеста“. Се залагаме и за максимално финансиско олеснување на разводот во којшто сите трошоци за бракоразводните парници ќе ги покрива државата по строго регулирани цени. Се залагаме и за јавно финансирана изградба на прифатни центри за жртви на насилство во семејството во кои жртвите нема само да се кријат, туку психички и физички ќе се оспособуваат за самоодбрана и заемна одбрана од насилници и прогонувачи. Мерките кои ги предлагаме бараат голем број на јавни работи, па освен што создаваат основи за економска основа за женска еманципација, исто така подразбираат и отворање на голем број на нови работни места во разни сектори, вклучувајќи градежништо, угостителство, просвета, медицина, информациски технологии, спорт, безбедност и сите други сектори чие ушество е неохподно за нивното изведување. Демократската, самоуправна, контрола над работните места исто така има важна улога при еманципацијата на жените. Со учество во работничките совети, жените сами ќе се изборат за своето место во политиката, без понижувачките сексуални квоти и потпирање на тајкунските финансиери.За рамноправност на ЛГБТ популацијата! И покрај две три децении капиталистичко „демократизирање“ на југословенските земји и одржување неколку паради на гордоста, ЛГБТ популацијата останува дискриминирана и загрозена. Пред државата ЛГБТ популацијата нема право на брак, а со тоа ни на право на автоматско наследување на имотот во случај на смрт на партнерот, како ни право на усвојување на деца. Поместување на традиционалните – репресивни – родни улоги се повод многу конзервативни политичари, јавни личности и припадниците на свештенството да ја претставуваат ЛГБТ популацијата како луѓе нужно неспособни за улогата на родител и израснување на деца. На ЛГБТ луѓето им се отежнува вработувањето и секојдневниот живот, што е посебно изразено кај трансродните поединци, поради очигледноста на нивната состојба.Буржоаските полиитчари спрема ЛГБТ популацијата се однесуваат двострано. Најреакционерните меѓу нив се држат на традиционалните вредности на нуклеусното семејство, во кое не се доведува во прашање врската помеѓу сексуалноста и родните улоги – машкото да биде „домаќин“ кој го чува, храни и работи за семејството, женското да раѓа и да ја одржува фамилијата и домаќинстовото, а децата да бидат нивна приватна сопственост, мебел за покажување на околината и полигон за родителските амбиции и иживување на неостварените соништа. Тие кои отскокнуваат од овој модел треба, спрема реакционерите и традиционалистите, да бидат отфрлени. Од друга страна, либералното крило на буржоазијата е спремно да им понуди на ЛГБТ луѓето одредени права – но под услов ЛГБТ популацијата да се вклопи во традиционалните семејни односи и, наместо да ги изместува, стане еден од нивните столбови. Либералното крило на буржоазијата сака легализација на хомосексуалните бракови – но само тие да ги рефлектираат вредностите и репресивните односи од хетеросексуалните бракови. Либералното крило на буржоазијата сака легализација на посвојување на деца од страна на хомосексуалните парови – но под услов паровите да се доволно имотни, то ест под услов ако се работи за посвојување на идните наследници на капиталот. либералното крило на буржоазијата сака и легализација на промените на родниот идентитет – ама како орудие за афирмирање на родните улоги и сведување на природата на мажот и жената на идеолошка диктирана мажествености и женственост, како и на негирање на биолошката база на двократната угнетеност на жените во класното општество, со што посредно се негира и самиот факт за нивната двократна угнетеност. Комунистите не се држат грчевито за нуклеусното семејство, како што тоа го прават претставниците на граѓанските партии и организации. Ние бракот, нуклеусното семејство и актуелните родни улоги ги гледаме како минлив феномен, составен дел на капиталистичките сопственички односи, кои со надминување на капитализмот и самиот ќе биде надмнат. Ние комунистите поддржуваме легализација на хомосексуалните бракови и посвојување на деца од страна на хомосексуалните парови, ама не како привилегија на припадниците на повисоката средна класа и буржоазијата, туку за работниците и работничките од ЛГБТ популацијата. За да можат ЛГБТ работници да ги остварат своите права, потребно е да живеат во држава во којашто на сите родители им се пружа неопходна финансиска, инфраструктурна и воспитно-образовна помош. Како и во случај со хетеросексуалните семејства, домашната работа во ЛГБТ семејства исто така мора да биде социјализиран, а грижата за децата не може да биде само товар на две личности, затоа што во такви околности една од нив по правило е поцврсто врзана за домаќинството. Грижата за децата мора да биде одговорност на целокупното општество. Нашето залагање за достапно на сите и јавно финансирано, бесплатно здравство, подразбира и залагање за полна достапност на неопходните терапии и третмани за трансродните луше, како и олеснување на процесот на промена на името поради промена на полот.Бесплатно и квалитетно образование и здравство за сите! Со воведувањето школарина и намалување на достапните места во училниците и амфитеатрите, како и со воведувањето наплата на медицинските услуги, образованието и здравството станаа луксуз на богаташите и нивните деца, а не општо право. Да го заштитиме образовниот и здравствениот систем од приливот на приватниот капитал и подјармувањето на пазарната логика! Пазарната насоченост на школството и научната заедница долгорочно го загрозува цивилизацискиот развој на нашето општество, затоа што нашите ученици, студенти и стручњаци така се осудени на репродукција на веќе постојната технологија, за да се исплатливи краткорочно на капиталистичките спонзори. Таквата положба, покрај извонредната економска ранливост на поединци, исто така нанесува голема долгорочна штета на нашето стопанство затоа што ги успорува или во потплност ги блокира научните и технолошки иновации правејќи не зависни од имепријалистичките центри, што тежнеат новите откритија да ги направат своја исклучива привилегија и алатка за држење на периферните земји во постојана технолошка, а со тоа и финансиска зависност. Покрај тоа, намалувањето на вложување во општествените науки и минимизирање на нивното општествено значење мора да престане. Вулгарната бакалска логика – „а кога ќе ни треба ова?“ – го превидува фактот дека познавањето на општествените и хуманистичките науки е клучно за развој на критичниот поглед на светот, а со тоа и за адекватно учество на поединците во општествениот живот и одбрана на сопствените интереси и интереси на својата заедница. Се залагаме за посебен фокус на основното и средното образование за развивање на критичкото мислење и социјализација на децата и младите низ учество цо сопствените демократски струкутру внатре во образовните установи. Се залагаме за државна сопственост над сите образовни установи и нивно ставање под заедничка демократскаконтрола на настанвиот кадар и учениците и студентите. Тоа е единствениот начин да му се врати достоинството на образованието на кое денес му го крадат разните дуќани за дипломи, кои себе се туркаат како „универзитети“! Здравството и фармацијата исто така мораат да бидат во државна сопственост и под демократска контрола на своите работници, ослободени од притисокот на пазарот и профитниот мотив. Денешната пазарна насоченост на здравството и фармацијата го еродира нивниот кавалитет и доверба на масите во стандардната медицина. Тој бран на недоверба го јавнаа разни опасни надрилекари и измамници, кои на луѓето во очајна здравствена ситуација им извлекуваат огромни количини пари за лажни лекови, што во најголем број случаи се бескорисни, а во најлош смртоносни. Дури и оние бескорисните претставуваат напад на здравјето и животот на болните затоа што често се проследени со надрисовети за избегнување на стандардната медицина, а со тоа се наговараат пациентите да ја напуштат единствената опција за оздравување! Надрилекарството мора да биде построго санкционирано, но тоа не е доволно да му се стави крај. Потребно е враќање на довербата во стандардната медицина и фармација, што е единствено можно ако обете струки се ослободат од профитниот мотив. Затоа се залагаме за национализирано здравство и вложување во развој на домашна фармацевтска индустрија, под контрола на работничките совети.Братство и единство – за слободен културен развој на народите и народностите! Капиталистичката идеологија на мултикултурализмот доведо до тоа да народите (денес нации) и народности (денес националните малцинства) на нашите простори да се стремат кон одвоени и поткожурени животи и својата национална припадност да ја врзуваат за скостените и надминати обрасци, вкоренети во искримените и романтизирани нациоални митологии, што денес се поттуркаат како историја. „Чувањето на идентитетот“ денес е циничен извик со кој народите се убедуваат дека ќе бидат покултурни и со тоа поавтентични ако се поконзервативни и заостанати, како културата да е некаков мртовец, некакво сениште од минатото кое ги прогонува сегашните генерации. За комунистите културата не е никакво сениште и некаков скостенет фосил од фантазиите од минатото. Културниот развој на секој народ е пред се постојано проширување на културното наследство, низ создавање на нови и свежи уметничи изрази и постојано збогатување на мајчиниот јазик со ниви поими, развиени од новите идеи и откритија кои ги нуди современото општество. Слободниот културен развој на националните малцинства затоа не смее да се сведе на понижувачко и комично преџвакување на „древните“ обичаи, туку мора да подразбира пристапност на новите трендови во уметноста, образованието и науката. Затоа се залагаме за право на припадниците на националните малцинства на бесплатно школување на својот мајчин јазик на сите нивоа, што подразбира и редовни екскурзии во матичните земји. Како што секоја култура најдобро напредува преку размена на идеи и погледи со други култури, работничката држава ќе организира редовни средби на различни национални заеднци, ќе потикнува културна и јазична размена, како и редовно преведување на литературни и научни остварувања, па и издавање на повеќејазични публикации. Се разбира, основниот предуслов за проекти на културен развој е материјален развој и загарантирана материјална сигурсност на работниците од сите националности. Заедничкиот економски просперитет е темел на кој учејќи еден од друг ќе ги надминеме поединечните конзервативизми и ќе ја оспособиме оваа и сите идни генерации заедно во еднакви услови да придонесуваат на развојот на својата и збогатување на останатите култури, од што со време ќе се роди единствена култура на целото човештво.За оружје во рацете на народот, а не на платениците! Работниот народ не смее да се надева дека туѓиот пендрек и кундак ќе го бранат, туку мора да се брани сам! Мислиме дека е неопходно укинување на сите органи на насилство чија главна цел е првенствено да го бранат режимот од масите, кои притоа трошат голем дел од државниот буџет.Заради тоа се залагаме за укинување на професионалната војска, за расформирање на интервентните и специјалните единици и сите други единици од тој тип, како и забрана на работата на сите приватни агенции за безбедност, комунални милиции и други слични формации.Наместо тие формации, потребно е создавање воена обука и воено-милициска обврска за сите полнолетни и военоспособни граѓани, без обѕир на раса, националност, вероисповед, пол, сексуална ориентација или роден идентитет.Се залагаме за воведување обука за ракување со оружје, како посебен задолжителен наставен предмет, во средните училишта и на факултетите, по углед на некогашниот систем на општонародна одбрана и општествена самозаштита (ОНО и ОСЗ), со нужни измени и модернизации.Против привилегијата на верските заедници! Верските заедници добиваат сè поголемо влијание хранејќи се со бедата, паниката и очајот на масите и нудејќи лажни ветувања за „складен живот“ и среќа по смртта, ако се подвргнат на нивните ретроградни вредности и правила. Како последица од тоа, луѓето почнаа да ги отфрлаат знаењето и културата како вредности, а на нивно место доведуваат разни празноверија, верување во чудесии и разни облици на верски фундаментализам.Истовремено, сите такви организации се богатат примајќи највисоки донации баш од новопечените богаташи, кои нè доведоа до оваа состојба. На врвот од сè ова, свештениците по долгогодишна „служба“ во измама на народот и сеење страв и затапеност, добиваат и пензии од државниот буџет, значи од нашите даноци, без разлика дали сме ние религиозни или не! Додека ни проповедаат сиромаштија и послушност, тие самите се расфрлаат и го навредуваат моралот и здравиот разум на народот! Додека устите им се полни со страдањето на своите верници во рацете на „другите“, многу лесно наоѓаат заеднички јазик кога треба да се делат државни пари! Да не им дадеме да се наметнуваат како такви со помош на нивните партнери од државниот врв! Се залагаме за потполно престанување на мешањето на црквите и другите верски заедници во државните работи и за укинување на верската индоктринација на малолетниците во државните училишта; за прекин на државното финансирање на сите верски заедници и воведување данок на црковно земјиште; за ревизија на работењето на сите верски заедници и запленување на сите материјални добра кои не се неопходно за извршување на верските обреди; како и за забрана на делувањето на сите организации кои промовираат верски фундаментализам.За обнова на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и основање на Балканска социјалистичка федерација! Разбивањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија претставува цивилизациски чекор назад за сите нејзини народи и народи. Национализмот, шивинизмот и братоубиствените војни служеа како прекривка на новокомпонираната,воено-профитерска буржоазија, произлезена од делови од бирократија на СКЈ, менаџерите на општествените претпријатија и криминалните кругови кои соработувале со нив, за прелевање на општествената сопственост во своите приватни џебови, додека работното мнозинство доби само скратување на квалитетот на животот во секој поглед. Додека народот војуваше, профитерите се збогатија! Додека работниците убиваа работници, газдите мирно тргуваа! Денеска е јасно дека исцепкани национални држави на Балканот не претставува решение за националните прашања и суверенитетот, а уште помалку нуди пат кон напредок. Се што добивме со разбивање на заедничката држава е пад во социјална беда, политичкото покорување и економски статус на неоколонија. И покрај наводната национална самостојност со децении сите балкански држави денес имаат помалку сувереност и помалку простор за располагање со сопствените ресурси отколку било кога во периодот по Втората светска војна. Под империјалистичка окупација од страна на НАТО, ЕУ и нивните сојузници и под притосоците на Русија и Кина, чизмата на глобалните криминлаци ги притиска подеднакво сите работни луѓе, од било која нацоналности или вероисповест, додека растечките социоекономски проблеми се туркаат под тепих со помош на националистичката пропаганда, вперени пртив секогаш соседите, а никогаш против империјализмот.Националното прашање секогаш е во осноа економско прашање. Без економска несигурност, националистите не можат да ги свртат народите еден против друг. Балканскиот полуостров не претставува само географска, туку и економска и културна целина. Балканските народи се врзани еден со друг со индустриски, инфраструктурни, трговски и културни врски. Оваа врзаност во капитализмот значи постојана конкуренција и перманентен судир, отворен или притаен. Затоа решението на националното прашање на Балканот е можно само со заедничко организирање и соработка на сите луѓе кои живеат од сопствениот труд за одбрана на заедничките интереси и создавање на социјалистичка федерација, во која работниците од сите народи стапиле доброволно, со демократско изјаснување, со полно почитување на правото на сите народи на самоопределување. Нашето залагање за единствен социјалистички Балкан ни на кој начин не подразбира присилување на обединување на ниту еден народ што сака самостојно да ја гради својата иднина. Се противиме на експанзионистичките и шовинистички стремежи на сите балкански држави, првенствено на оние „нашите“ и повикуваме на отпор на секој обид балканските народи повторно да се скараат и пратат во кланица на туѓа сметка. Да се спротивставиме на шовинистичкиот отров со кој не трујат нашите владејачки класи! Преку заедничка борба на работниот народ, ги повикуваме сите народи на Балканот да изградат рамноправен сојуз на социјалистички самоуправни заедници, на Балканска социјалистичка федерација.За бркање на империјализмот од Балканот! Како што се противиме на шовинизмот на локалните владејачки класи, така се противиме на колонијалната окупација на балканските земји од страна на империјалистичките сили, во прв ред на членките на ЕУ и НАТО и нивните сојузници Турција, Саудиска Арабија, Емирати, Јужна Кореја и како и нивните империјалистички ривали, како Русија и Кина, коишто исто така учестуваат во бруталната пљачка на нашите ресурси, нашата индустрија и нашето земјоделско земјиште, додека на најгрозните начини ги понижуваат нашите работници! Во ова со цело срце им помагаат перјаниците на локалниот национализам, што се тркааат во услужливоста спрема своите странски налогодавци, кои се натпреваруваат во тоа кој најлошо и најподло ќе го наклевети својот народ како „мрзелив“, „неодговорен“ или „незрел“, со што срамотно се правда подлизување под притисоците на странските тутори. Да се обединиме во револуционерна борба и со заеднички сили да ги протераме империјалистичките колонизатори од Балканот! За истапување на југословенските и балканските земји од злосторничкиот НАТО сојуз и сите негови војни и политички иницијативи!Против Европската унија – за социјалистичка Европа! Изразите „приближување кон Европа“, „европскиот пат“, „транзиција“ или „европска интеграција“ денес не значат ништо повеќе од политика на воведување профитерска логика во сите пори на општеството и отворање на нашата економија за грабеж од страна на мултинационалните компании преку уценувачки договори и нееднакви услови на размена. Европа со која сакаме да се поврземе не претставува Европа на бриселската бирократија што управува со неа, ниту пак Европа на банките и корпорациите, чии интереси ги брани таа бирократија. Меѓутоа, то не значи дека сме изолационисти. Не се занесуваме ни со провинцијалната десничарска бајка за „Европа на нации“. Капитализмот донесе остареност на националните држави, а со комунизмот на нивното постоење ќе им дојде крај. Заради тоа, ние сакаме единствена Европа, но Европа на работниците. Тоа е Европа која денес се дига на се помасовни социјални побуни против машинеријата на пљачкање иискористувањето наречена Европска унија. Преку соработка со комунистичките и другите левичарски и синдикални организации, како и со масовните социјални движења на Балканот и во остатокот на Европа ќе ги одбраниме работничките права и ќе ја освоиме власта за работничката класа.За да се создадат услови за послободно, поразвиено општество по мерка на работничкото мнозинство, работата на Црвени се заснова на за следните програмски основи:За работничка партија! Идеологијата и политичките програми на владејачките, како и на опозиционите партии се пишуваат и спроведуваат во интерес на домашните тајкуни и империјалистички сили, под чије спонзорство тие партии се наоѓаат. Потребен е независен глас на организираните работните луѓе, којшто може да се оствари со формирање партија на работничката класа.Таа работничка партија мора да работи во спрега со синдикатите, како масовни организиации на класната борба, преку поддршка за борбата за поенинечни работнни места и во поединечните бранши, а истовремено да се бори за ситемски решенија и конечна победа на организираното работништво над организираниот капитал и неговата држава. За да ги одбрани интересите и трајно да ја унапреди положбата на работничката класа, оваа партија мора да има комунистичка програма за радикална општествена преобразба, односно соборување на капиталистичкиот систем и воспоставување социјалистичка заедницаЗа враќање на работничката контрола над синдикатите! Борбата за ново општество мора да започне од работничките организации кои постојат. Во склоп на борба за воспоставување на работничка власт, Црвени посакуваат, заедно со борбените синдикални активисти, да им ги вратат на работниците одземените права поврзани со штрајкот, синдикалното организирање и колективното преговарање. Меѓутоа, денешните синдикати имаат корумпирано раководство, чии претставници повеќе ја игра улогата на претставник на газдите меѓу работниците, отколку обратно. За да го искористат борбениот потенцијал на синдикалните структури, работниците мораат прво да ги вратат под своја контрола!Се залагаме за активно масовно учество на работниците во работата на синдикатите, регуларен демократски избор на сите синдикални претставници и можност за менување на истите во секој момент.Само така може да се спречи матењето зад затворени врати. Приходите на сите синдикални претставници мораат да се ограничат на просечна плата на квалификуван работник на нивното работно место, и со тоа нивниот материјален интерес да биде врзан за материјалните интереси на работниците..Се залагаме за отфрлање на сите постојни антиработнички и антисиндикални закони, кои како единствена цел имаат заштита на газдите, како и за отстранување на сите форми и преобразување на постојано вработени во привремени, повремени или агенциски работници. Меѓутоа, работниците не смеат да имаат илузија дека олеснувањето на штрајкот само по себе ќе осигура трајно подобрување на нивните услови на живот и труд. Борбата против газдите е непрекината во капитализмот. Долгорочната победа, кон која синдикалната активност мора да биде насочена, може само да дојде тогаш кога газдите нема да бидат повеќе газди, кога работниците ќе ја преземат контролата над своите животи со тоа што ќе ја преземат контролата над своите работни места.За работничко самоуправување и социјалистичко општество! Приватизацијата се покажа ништо повеќе од раскрчмување на богатството што работниот народ го создаваше повеќе од 40 години. Ова планско уништување и уназадување на целиот простор на Југославија ги доведе сите наши народи до политичкото и економско ниво од првите две децении од минатиот век.За да „се приближиме кон Европа“, моралвме да се вратиме назад 100 години! Приватизацијата се покажа како обичен грабеж! Во оние фирми кои наводно „легално“ се приватизираа – се разбира, согласно со законите кои се напишани во интерес на газдите – следеа отпуштања и стагнација на производството поради светската криза. Како панаѓурски маѓионичари, тајкуните трампаа магла за нашите претпријатија, за да потоа истите тие претпријатија ги претворат во магла и го продолжуваат својот поход по следната жртва! Подигнуваа кредити за откуп на државните претпријатија, а потоа тие кредити ги враќаа со пљачка на истите претпијатија и нивно фрлање во стечај. Дури и толку многу извиканите директни странски инвестиции се покажаа како уште еден начин на пљачка на нашето општествено богатство. Исто како и локалните тајкунски џепароши, странските инвеститори, како скакулци, побрзаа за ситни пари да ги откупат нашите претпријатија или земјиште во нашите индустриски зони, со ветувања на силни работни места за да се дочепаат до државни субвенции и даночни олеснувања. Приватизација на ресурсите и профитите, гледаме е пропратена со национализација на ризикот, негово префрлање на грбот на државата, поради купување на социјален мир. Овој тренд не е само локална одлика на балканските државички, туку е присутен во сите земји што ги погоди обновата на капитализмот, како што е присутен и во самото срце на империјалистичкиот свет, во земјите како САД или Велика Британија. Капитализмот падна на сите испити – не само на хуманоста и справедливоста, туку и на ефикасноста и продуктивноста. Затоа се залагаме за враќање на работничкото самоуправување и замена на капиталистичката национална држава со социјалистичка самоуправна заедница! Социјалистичката самоуправна заедница, меѓутоа, не смее да се повтори историските грешки и да го сведе работничкото самоуправување само на управување со сопственото работно место и на преговарање и ценкање со отуѓениот и привилегиран борократски партиски апарат. На тој модел историјата сурово му пресуди при крајот на 1980тите. Работничкото самоуправување за коешто се залагаат Црвени мора да почива на национализирано планско стопанство, во сопствеништво на државата, а под демократска контрола на работничките совети. Национализацијатаќе ги опфати сите претпријатија од клучна важност за економскиот живот и развој на општеството, како и целокупниот финансиски сектор, без надомест на досегашните сопственици. Уште повеќе, на сите тајкуни кои се обогатија во приватизациската пљачка ќе им бидат запленети финансиските средства, скапоцените добра и недвижности, кои, со исклучок на културните добра, ќе бидатвложени во единствениот фонд за вложување во развој на инфраструктура и за придвижување и осовременување на индустријата и другите гранки на човекова активност. Како и национализираната индустрија, тој фонд ќе биде под демократска контрола на работничките совети. Работничките совети не смеат да бидат расцепкани локални тела, кои се одвоени од државата и претставуваат нејзино дополнување. Напротив, идејата за самоуправна работнича заедница која ние ја нудиме подразбира расформирање на системите на буржоаската демократија, укинување на институцијата парламент, влада и претседател на држава, како и преземање на целокупната државна власт од страна на работнички совети и тела што ќе ги делегираат работничките совети. Главната улога на оовие стручни тела ќе биде изработка и спроведување на државниот развоен план, во кој до израз ќе дојдат решенија понудени и изгласани од страна на демократски делегирани претставници на работниците од различни бранши, како и претставници на малите земјоделци, како директни учесници во процесот на производство на добра и пружање на услуги, а не од страна на бирократи и „менаџери“, коишто ги посетуваат работните колективи само кога ќе треба да ги сними телевизија. Централниот развој на индустријата, во државна сопственост, а под контрола на работничките совети, ќе ја донесе и толку потребната сигурност и за земјоделските произведители, коишто се поврзани со индустријата и на коишто индустријата ќе им овозможи постојан откуп на суровините, по цени кои нема да бидат одредени еднострано, туку договорени низ заедничка работа на претставници на работничките совети и здруженијата на земјоделците. Денешното општество бара интензивен развој на земјоделието, што подразбира окрупнување на земјишните поседи. Затоа се залагаме за постепена интеграција на малите поседи во земјоделски задруги и земјоделски индустриски комбинати, по пат на посебни погодности за откуп и даночни олеснувања за сите земјоделски производители кои ќе се согласат да се интегрираат.За демократско народно судство! Во склоп на воспоставување на социјалистичка самоуправна заедница се залагаме за непосреден демократски избор на судии и јавни службеници, како и за право на бирачкото тело на нивно моментално отповикување со двотретинско мнозинство гласови. Се залагаме за укинување на приватните бирократски крлежи, како „јавните“ – во суштина – приватни – нотари и извршители и за преземање на нивните задолженија од страна на демократски делегирани судски службеници, кои ќе го заработуваат личниот доход спрема стручната спрема, додека наплатување на услугите на странките строго ќе им се забрани. Се залагаме за основање на посебни народни судови коишто ќе се бават со ревизија на принудните наплати од работничките семејства и со вршење на враќање на имотот запленет на основа на лихварските кредити и другите малверзации.За полна вработеност и прерасподелба на богатството во интерес на работното мнозинство! Работните луѓе денес работат во нехумано долги смени, под многу тешки услови на работа, каде што од нив се извлекува речиси секој атом на сила.Истовремено, се поголем дел од богатството што тие го произведуваат се одлива во приватни џебови, со што се зголемува јазот помеѓу шаката богати и масите од година во година.Никаквочудо не е тоа што во такви услови расте социјалната несигурност и десетина илјади млади работници ги напуштаат југословенските земји и заминуваат во економско бегство на Запад. Се залагаме за зголемување на минималната плата на износ што ги задоволува сите основни потреби на современата личност и просечното семејство. Исто така, се залагаме за воведување на максимална дозволена плата на раководителите на претпријатијата, која не го надминува односот 4:1 во едно претпријатие, како и за ограничување на приходите на сите државни функционери на износ кој не ја надминува просечната плата на високо квалификуван работник. Невработеноста не смее да се намалува со иселување на работно способните жители, туку со намалување на работното време сразмерно со слободната работна сила и овозможување на доброволна старосна пензија на 55 години, врзани за стручната спрема на работникот, а без никакви намалувања во однос на работниот стаж, бидејќи голем број наши работници денес веќе децении се вработени „на црно”. За да се ослободи домашниот буџет, ние се залагаме за отстранување на ДДВ и слични давачки кои го префрлаат најголемот дел од даноците на луѓето со најниски приходи.Наместо тоа, се залагаме за прогресивно оданочување на сите стопански субјекти. Поголемите плати мораат за значат и поголем придонес на буџетот. Тоа во прв ред ќе значи дека најголемиот дел на државниот буџет ќе потекнува од најуспешните самоупрани претпријатија, што долгорочно ќе создаде услови за намалување на даночните оптоварувања за физичките лица. Се залагаме за прекинување на отплатата на надворешниот долг, зашто парите на работните луѓесе користат за отплата на тајкунските и бирократските долгови, и за пренасочување на сите средства наменети за таа цел кон придвижување и развој на индустриско производство и изградба на инфраструктура.За женска еманципација и социјализација на домашниот труд! Во системот во кој работничката клса одвојува огромна количина на време за да себе си обезбеди минимум потреби на современиот човек, врз жените се навива дополнителен макотрпен неплатен труд во домот. Вршењето на домашниот труд денес се очекува од жените без оглед на тоа колку е оптеретено нејзиното работно место и колку саати поминува на него. на самото работно место жените често се жртви на разни облици на сексуална дискриминација. Жените од мали нозе се учат и подготвуваат да ја прифатат и трпат дополнителната економска експлоатација, пониската цена на работното време и подолгото работно време, на кои се повеќе изложени од машките, затоа што за нивната природа по правило е врзан опстанокот на децата или немоќните родители. Покрај дополнителната економска експлоатација, работните жени се, поради несигурната економска положба, многу често и жртви на разни облици на сексуално понижување, кога од работничките се очекува да трпат вмешување во интимата, а неретко и да поднесуваат и сексуални нафрлувања од страна на буржуите, нивниот раководителски кадар, но и од назадните и примитивни елементи помеѓу машките работници. Оваква ситуација на работното место, како и влијанието на воспитувањето, имаат за цел туркање на жените кон професии што се мисли дека се типишни женски, или пак излегување на жената од работната сила и ослонување на издржување од страна на имотните мажи, дали со помош на брак, или по пат на разни облици на проституција. За да не бидат додаток на машината и мажот, многу работни жени се согласуваат да бидат додаток само на мажот, што пак за последица има нормализирање и натурализирање на потчинетоста на жената на мажот. Обидите за излегување од таквите натурализирани односи често се дочекува со морална осуда на заедницата, како и физичко лишување од слободата и достоинството на жените, што понекогаш води кон смртен исход. Капитализмот не само што не е во состојба до крај да ја ослободи работната жена од пословичната кујна, туку цинично како ослободување и нуди да бира кој и за колку време ќе ја експлоатира. Уште повеќе, женската угнетеност и самата стана стока! Двократната експлоатација на работните жени денес ги користат светските буржујки да промовираат свои брендови – изградени од крвта и потта на жените од неразвиените земји – ни помалку, ни повеќе како модел на женска еманципација! Покрај нив, цела плејада на неолиберални профитери од невладиниот сектор живее од свртување на борбата за еманципација на работните жени во целина, кон борба за хуманитарна помош и згрижување на сразмерно мал број на жени, на чија сметка добиваат средства од капиталистичките фондации. За жал, некои кои себе се сметаат за левица денес се залагаат за платена домашна работа. Овој модел не само што е утописки поради краткиот дах и одржлив само во време на економски раст, туку е длабоко реакционерен бидејќи тежи кон јакнење на економската основа за потчинетост на жената кон мажот, то ест, за репатријархиализација на општествените односи. Ние ги отфрламе таквите решенија и половични мерки! Се залагаме за социјализација на домашниот труд со градење на достапни на сите детски градинки, дневни центри за деца, работнички мензи, јавни перални и образовно-рекреативни центри за деца од сите возрасти, со што би ја ослободило жената и целото семејство од сите облици на домашна работа, освен од оние најосновните. Се залагаме и за право на платено менструално боледување, како и право на трудничко боледување и на породилно во траење од година дена. Женското право на абортус, без дополнителни административни пречки, е од витално значење за јавното здравје. Нема да допуштиме никому да го укине тоа право, како законски така и со лицемерните приговори на „совеста“. Се залагаме и за максимално финансиско олеснување на разводот во којшто сите трошоци за бракоразводните парници ќе ги покрива државата по строго регулирани цени. Се залагаме и за јавно финансирана изградба на прифатни центри за жртви на насилство во семејството во кои жртвите нема само да се кријат, туку психички и физички ќе се оспособуваат за самоодбрана и заемна одбрана од насилници и прогонувачи. Мерките кои ги предлагаме бараат голем број на јавни работи, па освен што создаваат основи за економска основа за женска еманципација, исто така подразбираат и отворање на голем број на нови работни места во разни сектори, вклучувајќи градежништо, угостителство, просвета, медицина, информациски технологии, спорт, безбедност и сите други сектори чие ушество е неохподно за нивното изведување. Демократската, самоуправна, контрола над работните места исто така има важна улога при еманципацијата на жените. Со учество во работничките совети, жените сами ќе се изборат за своето место во политиката, без понижувачките сексуални квоти и потпирање на тајкунските финансиери.За рамноправност на ЛГБТ популацијата! И покрај две три децении капиталистичко „демократизирање“ на југословенските земји и одржување неколку паради на гордоста, ЛГБТ популацијата останува дискриминирана и загрозена. Пред државата ЛГБТ популацијата нема право на брак, а со тоа ни на право на автоматско наследување на имотот во случај на смрт на партнерот, како ни право на усвојување на деца. Поместување на традиционалните – репресивни – родни улоги се повод многу конзервативни политичари, јавни личности и припадниците на свештенството да ја претставуваат ЛГБТ популацијата како луѓе нужно неспособни за улогата на родител и израснување на деца. На ЛГБТ луѓето им се отежнува вработувањето и секојдневниот живот, што е посебно изразено кај трансродните поединци, поради очигледноста на нивната состојба.Буржоаските полиитчари спрема ЛГБТ популацијата се однесуваат двострано. Најреакционерните меѓу нив се држат на традиционалните вредности на нуклеусното семејство, во кое не се доведува во прашање врската помеѓу сексуалноста и родните улоги – машкото да биде „домаќин“ кој го чува, храни и работи за семејството, женското да раѓа и да ја одржува фамилијата и домаќинстовото, а децата да бидат нивна приватна сопственост, мебел за покажување на околината и полигон за родителските амбиции и иживување на неостварените соништа. Тие кои отскокнуваат од овој модел треба, спрема реакционерите и традиционалистите, да бидат отфрлени. Од друга страна, либералното крило на буржоазијата е спремно да им понуди на ЛГБТ луѓето одредени права – но под услов ЛГБТ популацијата да се вклопи во традиционалните семејни односи и, наместо да ги изместува, стане еден од нивните столбови. Либералното крило на буржоазијата сака легализација на хомосексуалните бракови – но само тие да ги рефлектираат вредностите и репресивните односи од хетеросексуалните бракови. Либералното крило на буржоазијата сака легализација на посвојување на деца од страна на хомосексуалните парови – но под услов паровите да се доволно имотни, то ест под услов ако се работи за посвојување на идните наследници на капиталот. либералното крило на буржоазијата сака и легализација на промените на родниот идентитет – ама како орудие за афирмирање на родните улоги и сведување на природата на мажот и жената на идеолошка диктирана мажествености и женственост, како и на негирање на биолошката база на двократната угнетеност на жените во класното општество, со што посредно се негира и самиот факт за нивната двократна угнетеност. Комунистите не се држат грчевито за нуклеусното семејство, како што тоа го прават претставниците на граѓанските партии и организации. Ние бракот, нуклеусното семејство и актуелните родни улоги ги гледаме како минлив феномен, составен дел на капиталистичките сопственички односи, кои со надминување на капитализмот и самиот ќе биде надмнат. Ние комунистите поддржуваме легализација на хомосексуалните бракови и посвојување на деца од страна на хомосексуалните парови, ама не како привилегија на припадниците на повисоката средна класа и буржоазијата, туку за работниците и работничките од ЛГБТ популацијата. За да можат ЛГБТ работници да ги остварат своите права, потребно е да живеат во држава во којашто на сите родители им се пружа неопходна финансиска, инфраструктурна и воспитно-образовна помош. Како и во случај со хетеросексуалните семејства, домашната работа во ЛГБТ семејства исто така мора да биде социјализиран, а грижата за децата не може да биде само товар на две личности, затоа што во такви околности една од нив по правило е поцврсто врзана за домаќинството. Грижата за децата мора да биде одговорност на целокупното општество. Нашето залагање за достапно на сите и јавно финансирано, бесплатно здравство, подразбира и залагање за полна достапност на неопходните терапии и третмани за трансродните луше, како и олеснување на процесот на промена на името поради промена на полот.Бесплатно и квалитетно образование и здравство за сите! Со воведувањето школарина и намалување на достапните места во училниците и амфитеатрите, како и со воведувањето наплата на медицинските услуги, образованието и здравството станаа луксуз на богаташите и нивните деца, а не општо право. Да го заштитиме образовниот и здравствениот систем од приливот на приватниот капитал и подјармувањето на пазарната логика! Пазарната насоченост на школството и научната заедница долгорочно го загрозува цивилизацискиот развој на нашето општество, затоа што нашите ученици, студенти и стручњаци така се осудени на репродукција на веќе постојната технологија, за да се исплатливи краткорочно на капиталистичките спонзори. Таквата положба, покрај извонредната економска ранливост на поединци, исто така нанесува голема долгорочна штета на нашето стопанство затоа што ги успорува или во потплност ги блокира научните и технолошки иновации правејќи не зависни од имепријалистичките центри, што тежнеат новите откритија да ги направат своја исклучива привилегија и алатка за држење на периферните земји во постојана технолошка, а со тоа и финансиска зависност. Покрај тоа, намалувањето на вложување во општествените науки и минимизирање на нивното општествено значење мора да престане. Вулгарната бакалска логика – „а кога ќе ни треба ова?“ – го превидува фактот дека познавањето на општествените и хуманистичките науки е клучно за развој на критичниот поглед на светот, а со тоа и за адекватно учество на поединците во општествениот живот и одбрана на сопствените интереси и интереси на својата заедница. Се залагаме за посебен фокус на основното и средното образование за развивање на критичкото мислење и социјализација на децата и младите низ учество цо сопствените демократски струкутру внатре во образовните установи. Се залагаме за државна сопственост над сите образовни установи и нивно ставање под заедничка демократскаконтрола на настанвиот кадар и учениците и студентите. Тоа е единствениот начин да му се врати достоинството на образованието на кое денес му го крадат разните дуќани за дипломи, кои себе се туркаат како „универзитети“! Здравството и фармацијата исто така мораат да бидат во државна сопственост и под демократска контрола на своите работници, ослободени од притисокот на пазарот и профитниот мотив. Денешната пазарна насоченост на здравството и фармацијата го еродира нивниот кавалитет и доверба на масите во стандардната медицина. Тој бран на недоверба го јавнаа разни опасни надрилекари и измамници, кои на луѓето во очајна здравствена ситуација им извлекуваат огромни количини пари за лажни лекови, што во најголем број случаи се бескорисни, а во најлош смртоносни. Дури и оние бескорисните претставуваат напад на здравјето и животот на болните затоа што често се проследени со надрисовети за избегнување на стандардната медицина, а со тоа се наговараат пациентите да ја напуштат единствената опција за оздравување! Надрилекарството мора да биде построго санкционирано, но тоа не е доволно да му се стави крај. Потребно е враќање на довербата во стандардната медицина и фармација, што е единствено можно ако обете струки се ослободат од профитниот мотив. Затоа се залагаме за национализирано здравство и вложување во развој на домашна фармацевтска индустрија, под контрола на работничките совети.Братство и единство – за слободен културен развој на народите и народностите! Капиталистичката идеологија на мултикултурализмот доведо до тоа да народите (денес нации) и народности (денес националните малцинства) на нашите простори да се стремат кон одвоени и поткожурени животи и својата национална припадност да ја врзуваат за скостените и надминати обрасци, вкоренети во искримените и романтизирани нациоални митологии, што денес се поттуркаат како историја. „Чувањето на идентитетот“ денес е циничен извик со кој народите се убедуваат дека ќе бидат покултурни и со тоа поавтентични ако се поконзервативни и заостанати, како културата да е некаков мртовец, некакво сениште од минатото кое ги прогонува сегашните генерации. За комунистите културата не е никакво сениште и некаков скостенет фосил од фантазиите од минатото. Културниот развој на секој народ е пред се постојано проширување на културното наследство, низ создавање на нови и свежи уметничи изрази и постојано збогатување на мајчиниот јазик со ниви поими, развиени од новите идеи и откритија кои ги нуди современото општество. Слободниот културен развој на националните малцинства затоа не смее да се сведе на понижувачко и комично преџвакување на „древните“ обичаи, туку мора да подразбира пристапност на новите трендови во уметноста, образованието и науката. Затоа се залагаме за право на припадниците на националните малцинства на бесплатно школување на својот мајчин јазик на сите нивоа, што подразбира и редовни екскурзии во матичните земји. Како што секоја култура најдобро напредува преку размена на идеи и погледи со други култури, работничката држава ќе организира редовни средби на различни национални заеднци, ќе потикнува културна и јазична размена, како и редовно преведување на литературни и научни остварувања, па и издавање на повеќејазични публикации. Се разбира, основниот предуслов за проекти на културен развој е материјален развој и загарантирана материјална сигурсност на работниците од сите националности. Заедничкиот економски просперитет е темел на кој учејќи еден од друг ќе ги надминеме поединечните конзервативизми и ќе ја оспособиме оваа и сите идни генерации заедно во еднакви услови да придонесуваат на развојот на својата и збогатување на останатите култури, од што со време ќе се роди единствена култура на целото човештво.За оружје во рацете на народот, а не на платениците! Работниот народ не смее да се надева дека туѓиот пендрек и кундак ќе го бранат, туку мора да се брани сам! Мислиме дека е неопходно укинување на сите органи на насилство чија главна цел е првенствено да го бранат режимот од масите, кои притоа трошат голем дел од државниот буџет.Заради тоа се залагаме за укинување на професионалната војска, за расформирање на интервентните и специјалните единици и сите други единици од тој тип, како и забрана на работата на сите приватни агенции за безбедност, комунални милиции и други слични формации.Наместо тие формации, потребно е создавање воена обука и воено-милициска обврска за сите полнолетни и военоспособни граѓани, без обѕир на раса, националност, вероисповед, пол, сексуална ориентација или роден идентитет.Се залагаме за воведување обука за ракување со оружје, како посебен задолжителен наставен предмет, во средните училишта и на факултетите, по углед на некогашниот систем на општонародна одбрана и општествена самозаштита (ОНО и ОСЗ), со нужни измени и модернизации.Против привилегијата на верските заедници! Верските заедници добиваат сè поголемо влијание хранејќи се со бедата, паниката и очајот на масите и нудејќи лажни ветувања за „складен живот“ и среќа по смртта, ако се подвргнат на нивните ретроградни вредности и правила. Како последица од тоа, луѓето почнаа да ги отфрлаат знаењето и културата како вредности, а на нивно место доведуваат разни празноверија, верување во чудесии и разни облици на верски фундаментализам.Истовремено, сите такви организации се богатат примајќи највисоки донации баш од новопечените богаташи, кои нè доведоа до оваа состојба. На врвот од сè ова, свештениците по долгогодишна „служба“ во измама на народот и сеење страв и затапеност, добиваат и пензии од државниот буџет, значи од нашите даноци, без разлика дали сме ние религиозни или не! Додека ни проповедаат сиромаштија и послушност, тие самите се расфрлаат и го навредуваат моралот и здравиот разум на народот! Додека устите им се полни со страдањето на своите верници во рацете на „другите“, многу лесно наоѓаат заеднички јазик кога треба да се делат државни пари! Да не им дадеме да се наметнуваат како такви со помош на нивните партнери од државниот врв! Се залагаме за потполно престанување на мешањето на црквите и другите верски заедници во државните работи и за укинување на верската индоктринација на малолетниците во државните училишта; за прекин на државното финансирање на сите верски заедници и воведување данок на црковно земјиште; за ревизија на работењето на сите верски заедници и запленување на сите материјални добра кои не се неопходно за извршување на верските обреди; како и за забрана на делувањето на сите организации кои промовираат верски фундаментализам.За обнова на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и основање на Балканска социјалистичка федерација! Разбивањето на Социјалистичка Федеративна Република Југославија претставува цивилизациски чекор назад за сите нејзини народи и народи. Национализмот, шивинизмот и братоубиствените војни служеа како прекривка на новокомпонираната,воено-профитерска буржоазија, произлезена од делови од бирократија на СКЈ, менаџерите на општествените претпријатија и криминалните кругови кои соработувале со нив, за прелевање на општествената сопственост во своите приватни џебови, додека работното мнозинство доби само скратување на квалитетот на животот во секој поглед. Додека народот војуваше, профитерите се збогатија! Додека работниците убиваа работници, газдите мирно тргуваа! Денеска е јасно дека исцепкани национални држави на Балканот не претставува решение за националните прашања и суверенитетот, а уште помалку нуди пат кон напредок. Се што добивме со разбивање на заедничката држава е пад во социјална беда, политичкото покорување и економски статус на неоколонија. И покрај наводната национална самостојност со децении сите балкански држави денес имаат помалку сувереност и помалку простор за располагање со сопствените ресурси отколку било кога во периодот по Втората светска војна. Под империјалистичка окупација од страна на НАТО, ЕУ и нивните сојузници и под притосоците на Русија и Кина, чизмата на глобалните криминлаци ги притиска подеднакво сите работни луѓе, од било која нацоналности или вероисповест, додека растечките социоекономски проблеми се туркаат под тепих со помош на националистичката пропаганда, вперени пртив секогаш соседите, а никогаш против империјализмот.Националното прашање секогаш е во осноа економско прашање. Без економска несигурност, националистите не можат да ги свртат народите еден против друг. Балканскиот полуостров не претставува само географска, туку и економска и културна целина. Балканските народи се врзани еден со друг со индустриски, инфраструктурни, трговски и културни врски. Оваа врзаност во капитализмот значи постојана конкуренција и перманентен судир, отворен или притаен. Затоа решението на националното прашање на Балканот е можно само со заедничко организирање и соработка на сите луѓе кои живеат од сопствениот труд за одбрана на заедничките интереси и создавање на социјалистичка федерација, во која работниците од сите народи стапиле доброволно, со демократско изјаснување, со полно почитување на правото на сите народи на самоопределување. Нашето залагање за единствен социјалистички Балкан ни на кој начин не подразбира присилување на обединување на ниту еден народ што сака самостојно да ја гради својата иднина. Се противиме на експанзионистичките и шовинистички стремежи на сите балкански држави, првенствено на оние „нашите“ и повикуваме на отпор на секој обид балканските народи повторно да се скараат и пратат во кланица на туѓа сметка. Да се спротивставиме на шовинистичкиот отров со кој не трујат нашите владејачки класи! Преку заедничка борба на работниот народ, ги повикуваме сите народи на Балканот да изградат рамноправен сојуз на социјалистички самоуправни заедници, на Балканска социјалистичка федерација.За бркање на империјализмот од Балканот! Како што се противиме на шовинизмот на локалните владејачки класи, така се противиме на колонијалната окупација на балканските земји од страна на империјалистичките сили, во прв ред на членките на ЕУ и НАТО и нивните сојузници Турција, Саудиска Арабија, Емирати, Јужна Кореја и како и нивните империјалистички ривали, како Русија и Кина, коишто исто така учестуваат во бруталната пљачка на нашите ресурси, нашата индустрија и нашето земјоделско земјиште, додека на најгрозните начини ги понижуваат нашите работници! Во ова со цело срце им помагаат перјаниците на локалниот национализам, што се тркааат во услужливоста спрема своите странски налогодавци, кои се натпреваруваат во тоа кој најлошо и најподло ќе го наклевети својот народ како „мрзелив“, „неодговорен“ или „незрел“, со што срамотно се правда подлизување под притисоците на странските тутори. Да се обединиме во револуционерна борба и со заеднички сили да ги протераме империјалистичките колонизатори од Балканот! За истапување на југословенските и балканските земји од злосторничкиот НАТО сојуз и сите негови војни и политички иницијативи!Против Европската унија – за социјалистичка Европа! Изразите „приближување кон Европа“, „европскиот пат“, „транзиција“ или „европска интеграција“ денес не значат ништо повеќе од политика на воведување профитерска логика во сите пори на општеството и отворање на нашата економија за грабеж од страна на мултинационалните компании преку уценувачки договори и нееднакви услови на размена. Европа со која сакаме да се поврземе не претставува Европа на бриселската бирократија што управува со неа, ниту пак Европа на банките и корпорациите, чии интереси ги брани таа бирократија. Меѓутоа, то не значи дека сме изолационисти. Не се занесуваме ни со провинцијалната десничарска бајка за „Европа на нации“. Капитализмот донесе остареност на националните држави, а со комунизмот на нивното постоење ќе им дојде крај. Заради тоа, ние сакаме единствена Европа, но Европа на работниците. Тоа е Европа која денес се дига на се помасовни социјални побуни против машинеријата на пљачкање иискористувањето наречена Европска унија. Преку соработка со комунистичките и другите левичарски и синдикални организации, како и со масовните социјални движења на Балканот и во остатокот на Европа ќе ги одбраниме работничките права и ќе ја освоиме власта за работничката класа.